Close Menu
Press24
    Најново

    Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар

    10.06.2026 во 11:23

    Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот

    10.06.2026 во 11:13

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ирански ракети и дронови ги нападнаа американските бази во Јордан, Кувајт и Бахреин – Техеран се закани со уште пожесток удар
    • Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
    • Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
    • Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп

    „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп

    10.06.2026 во 08:25Updated:10.06.2026 во 11:251 Min Read
    МНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонскиот народен театар денеска ќе настапи на јубилејното 60-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат.

    Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот, кој важи за еден од најзначајните театрални настани во земјава и регионот, а годинава одбележува шест децении постоење.

    „Страв и надеж“ е современа сценска приказна која ги истражува стравовите, осаменоста и неизвесноста на современиот човек. Дејството е поставено во актуелен контекст, обележан со војни, економска нестабилност и криза на хуманистичките вредности. Инспирирана од драмскиот свет на Франц Ксавер Крец, претставата тематски кореспондира со Орвеловата „1984“, отворајќи прашања за човековата ранливост и опстанок.

    Претставата се состои од петнаесет сцени во кои ликовите се соочуваат со клучни животни моменти, при што хуморот и трагиката се испреплетуваат во динамична приказна.

    Во актерската екипа настапуваат Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Лола Кукла, Дамјан Цветановски и Нела Павловска, со музичка поддршка од Зоран Станишиќ, Стефан Котевски, Никола Соколовски и Милена Наумовска.

    По изведбата на фестивалот, „Страв и надеж“ повторно ќе биде прикажана на сцената на Македонскиот народен театар на 17 јуни со почеток во 20 часот.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

    10.06.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.