Close Menu
Press24
    Најново

    Обезбедени 50 милиони денари: Во Аеродром ќе се гради нова противпожарна станица

    09.06.2026 во 16:44

    Нова акција на МВР: Приведени осум возачи низ државата

    09.06.2026 во 16:35

    Инцидент во Тетово: Син натепал татко среде кафеана

    09.06.2026 во 16:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обезбедени 50 милиони денари: Во Аеродром ќе се гради нова противпожарна станица
    • Нова акција на МВР: Приведени осум возачи низ државата
    • Инцидент во Тетово: Син натепал татко среде кафеана
    • Напади врз сопруги и деца, син претепал татко – Две лица приведени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
    • 80-годишен маж од гевгелиско силувал 14-годишник во валандовско
    • Трагедија во скопско: Маж загина при несреќа со трактор и собирачка за сено
    • Пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање покрај реката Лепенец
    • 29-годишна девојка со повреди донесена на Гинекологија во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обезбедени 50 милиони денари: Во Аеродром ќе се гради нова противпожарна станица

    Обезбедени 50 милиони денари: Во Аеродром ќе се гради нова противпожарна станица

    09.06.2026 во 16:442 Mins Read
    ФОТО: Presss24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои Ребалансот на Буџетот, со кој се обезбедени 50 милиони денари за изградба на нова противпожарна станица наменета за Бригадата за противпожарна заштита.

    Новиот објект ќе биде лоциран на територијата на Општина Аеродром, со што значително ќе се подобрат капацитетите на противпожарните служби во овој дел од градот.

    Новата станица, како што информираат од прес-службата на Град Скопје, ќе биде лоцирана во Општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и унапредувањето на условите за работа на скопските пожарникари.

    Од градските власти потенцираат дека со оваа инфраструктурна инвестиција директно ќе се скрати времето за пристигнување на терен при вонредни ситуации.

    Со реализацијата на овој проект, како што се наведува во соопштението, ќе се овозможи подобра организација на противпожарните служби, побрза реакција при интервенции, поефикасно спасување човечки животи и зголемена заштита од пожари и други вонредни ситуации во урбаните и приградските подрачја на градот.

    Во соопштението се нагласува потребата од континуирано вложување во луѓето кои се на првата линија на одбрана при несреќи.

    -Пожарникарите секојдневно се соочуваат со сериозни ризици во извршувањето на своите задачи и затоа заслужуваат современи услови за работа, модерна опрема и соодветна инфраструктура. Изградбата на новата станица е конкретен чекор кон целосна модернизација на Противпожарната бригада на Град Скопје и создавање систем кој ќе биде подготвен, брз и ефикасен кога тоа е најпотребно – посочуваат од Град Скопје.

    Проектот беше изгласан со поддршка на советничките групи во градскиот парламент.

    -Станува збор за инвестиција од трајно значење која директно ќе придонесе за поголема безбедност и подобар квалитет на живот на сите граѓани. Град Скопје продолжува посветено да работи на реализација на проектите кои носат конкретни резултати и придобивки за градот и неговите жители се вели во соопштението на Град Скопје.

    Прочитај повеќе

    Еднократна помош за првачиња во Аеродром: 3.500 денари по дете

    09.06.2026 во 10:26

    Нови училници за 240 ученици: Мицкоски на стартот на доградбата на ООУ „Димитар Беровски“

    09.06.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.