Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Падна првиот снег и во Македонија

    23.09.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
    • Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Уставниот суд не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска утре на средба со Јотова: Да не се навредуваме и повредуваме туку да градиме доверба

    Сиљановска утре на средба со Јотова: Да не се навредуваме и повредуваме туку да градиме доверба

    09.06.2026 во 08:332 Mins Read
    Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова, во рамките на самитот на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. На средбата се очекува да бидат отворени и суштински прашања во односите меѓу двете земји.

    Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Сиљановска-Давкова истакна дека средбата претставува продолжение на претходните контакти и можност за зајакнување на меѓусебната доверба.

    Таа нагласи дека градењето доверба меѓу двете земји е клучно и дека е потребно унапредување на комуникацијата и соработката на повеќе нивоа.

    – Тоа е природно продолжение на нашата средба во Ереван на едно пријатно женско говорење. Мислам дека треба да го продолжиме тоа и затоа во текот на разговорот со вас ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Ако граѓаните не контактираат, ако заеднички не учествуваме во проекти… морам да кажам, кога првпат го сретнав господинат Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, сите што бевме присутни на работниот ручек, каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу, многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние bona fide да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите – рече таа.

    Во однос на прашањето за средбите на премиерот Христијан Мицкоски со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во Тиват, претседателката изјави дека очекува дополнителни информации по утрешната средба со премиерот.

    Влада
    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест

    23.09.2026 во 21:18

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.