Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за изолирано невреме со појава на град. Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината попладне се можни краткотрајни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата ќе достигне до 33 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток ќе се задржи сончево и топло време со услови за локална нестабилност во попладневните часови. Во петок се очекува поизразено влошување на времето со пообилни врнежи, грмежи и можност за изолирано невреме со град, проследено со пад на температурите и засилен северозападен ветер.

