Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Средба Савески – Ѓорѓиевски: Обвинителите и адвокатите на иста страна за човековите права, борба против корупцијата и доверба во правосудството
    • Литванија откри 12 тунели долж границата со Белорусија, тензиите растат во источна Европа
    • Серафимовски ја отвори манифестацијата „Меден Радовиш 2026“: Грижата за пчелите е грижа за иднината на земјоделството
    • Подгответе се за вистинска есен – температурите ќе опаднат за неколку степени
    • (ВИДЕО) Брза реакција на полицијата: Казнет возачот кој со автомобил се движел по пешачка патека покрај реката Вардар
    • Полициска интервенција во скопски Аеродром: Уапсен маж по тепачка во казино и напад врз службени лица
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Формиравме поширок фронт – ги повикавме опозициските партии да ни се придружат

    Филипче: Формиравме поширок фронт – ги повикавме опозициските партии да ни се придружат

    08.06.2026 во 17:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во интервју за „Неделник.рс“, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, говореше за борбата против корупцијата и потребата од широко општествено обединување за враќање на правдата и институциите во служба на граѓаните.

    Филипче истакна дека СДСМ и граѓанскиот сектор работат на враќање на темата за корупцијата во фокусот на јавноста.

    „СДСМ и дел од граѓанскиот сектор се обидуваат прашањето за корупцијата и одговорноста повторно да го вратат во фокусот на јавноста, бидејќи Мицкоски со помош на нему наклонетите медиуми успеа да го потисне“, рече Филипче.

    Тој нагласи дека токму затоа е формиран широк Фронт за вистина и правда, како платформа која ги обединува сите кои сакаат промени.

    „Формиравме широк Фронт за вистина и правда и ги повикавме опозициските партии, невладините организации, интелектуалците, активистите и младите луѓе кои ја сакаат својата држава и сакаат иднина во Северна Македонија да ни се придружат“, истакна Филипче.

    Претседателот на СДСМ посочи дека оваа борба веќе добива и регионална димензија преку новата „Скопска иницијатива“.

    „Соработката ја прошируваме и на регионално ниво. Овој викенд во Скопје го покренавме меѓународниот собир наречен ‘Скопска иницијатива’, заедно со сестринските партии од регионот, за да застанеме зад заедничка платформа за борба против авторитарните режими, корупцијата и за европска интеграција на регионот“, нагласи Филипче.

    Тој порача дека суштината на Фронтот за вистина и правда е враќање на демократските вредности и институционалната одговорност.

    „Студентите во Србија со своето движење успеаја да ја променат свеста кај голем дел од граѓаните. Покажаа дека кога младите, граѓанското општество и опозицијата настапуваат заедно, авторитарниот модел може сериозно да биде доведен во прашање. Слична борба водиме и ние во Северна Македонија преку Фронтот за вистина и правда. Вистината значи слободни медиуми кои нема да бидат под контрола на власта и партиските интереси. Правдата значи вистинска борба против корупцијата и криминалот, а не празни ветувања.„ вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче за Неделник.рс.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.