Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Крива Паланка: Дедото го тепал детето па таткото го тепал дедото
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да направи ново предавство на Македонија

    Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да направи ново предавство на Македонија

    08.06.2026 во 11:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, тврдејќи дека партијата е подготвена за ново историско предавство на македонските национални интереси.

    Според Манасиевски, СДСМ низ историјата веќе направиле предавства со менување на името, знамето и Уставот, а сега на чело со Филипче биле подготвени за најстрашниот чекор за македонскиот народ – редефинирање на историјата и негирање на јазикот и идентитетот. Тој додаде дека тие се спремни да го променат сето она што се пренесувало од колено на колено и утре би потпишале дека постоиме дури од 1945 година.

    Од владејачката партија потенцираат дека во моменти кога Европската Унија конечно ја гледа Македонија како достоинствена држава со напредна економија која е пример за реформи во регионот, Румен Радев, Венко Филипче и СДСМ заеднички повикуваат на уставни измени.

    Манасиевски јавно запраша со што е уценет лидерот на опозицијата за да води таква политика и, наместо да застане во одбрана на македонските интереси, тој свесно ги распродава.

    На крајот од своето обраќање, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека токму поради ваквите чекори и одењето по стапките на Зоран Заев, СДСМ и Филипче денес се наоѓаат во опозиција со рејтинг кој е рамномерен на една шака луѓе, поради што ги очекува целосно декласирање на следните избори.

    Прочитај повеќе

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.