Во Гевгелија во 11 часот се измерени 30 степени, со што е најтоплиот град во моментов. Топло е и во Велес, Скопје и Демир Капија.
Најниска температура од 13 степени е измерена на Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност во претпладневните часови. Попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На поединечни места ќе има услови и за појава на невреме со град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

