Close Menu
Press24
    Најново

    Во Рига потврдена поддршката за клучни инфраструктурни проекти во Македонија

    08.06.2026 во 11:17

    Курти победи на изборите во Косово, но без мнозинство за самостојна влада

    08.06.2026 во 11:07

    Го барале со потерница: Гостиварец ќе лежи во затвор

    08.06.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Рига потврдена поддршката за клучни инфраструктурни проекти во Македонија
    • Курти победи на изборите во Косово, но без мнозинство за самостојна влада
    • Го барале со потерница: Гостиварец ќе лежи во затвор
    • Апсење на Граничниот премин Блаце
    • Напад со нож на железничка станица во Њујорк: Шест лица се повредени
    • Нов земјотрес во Грција: Затворени училиштата
    • Расте бројот на жртви на Филипините: Најмалку 15 загинати и 129 повредени во разорниот земјотрес
    • Андреја Стојковски: Најголемата гаранција што Македонија може да ја има останува сопствениот успех
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во Рига потврдена поддршката за клучни инфраструктурни проекти во Македонија

    Во Рига потврдена поддршката за клучни инфраструктурни проекти во Македонија

    08.06.2026 во 11:172 Mins Read
    Министерство за финансии
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот секретар во Министерството за финансии, Андриана Матлиоска, од 5 до 7 јуни учествуваше на Годишното собрание и бизнис-форум на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), што се одржа во Рига, Латвија. Годинашниот настан беше посветен на темата „Од нестабилни до разновидни економии кои иновираат во свет што се менува“, а на него учествуваа владини претставници, финансиски и корпоративни директори, акционери, партнери и клиенти на банката, како и претставници од бизнис и граѓанскиот сектор.

    Како што соопшти Министерството за финансии, Матлиоска за време на престојот во Рига остварила повеќе билатерални средби со претставници на ЕБОР, Европската инвестициска банка (ЕИБ), Зелениот климатски фонд, како и со претставници на Министерството за надворешни работи на Холандија и ЕБОР конституенцата предводена од Холандија.

    На средбата со директорката за инфраструктура за Европа во ЕБОР, Елена Гордеева, била истакната посветеноста на земјата за унапредување на инфраструктурата, при што Европската банка за обнова и развој е значаен партнер во реализацијата на проекти. Според податоците, ЕБОР досега има инвестирано во 213 проекти во вредност од 3,13 милијарди евра, додека во моментот се спроведуваат проекти во вредност од околу 1,3 милијарди евра.

    Матлиоска изразила благодарност за досегашната поддршка од ЕБОР и ја нагласила посветеноста на Владата на реализација на капиталните инвестиции.

    Таа посочила дека капиталните расходи претставуваат клучен инструмент на фискалната политика и двигател на економскиот раст во периодот 2027–2031 година, со цел обезбедување долгорочни придобивки преку зголемени јавни инвестиции во патна и железничка инфраструктура, енергетика, системи за водоснабдување и канализација, дигитална инфраструктура, како и проекти во образованието и социјалната заштита.

    На одделни средби било нагласено и значењето на соработката со Европската инвестициска банка, која досега има обезбедено поддршка во износ од околу 1,6 милијарди евра за различни проекти во земјата.

    Матлиоска изразила благодарност за досегашната поддршка од ЕИБ во областа на енергетската и железничката инфраструктура и општинските водоводни системи, како и за подготвеноста за продолжување на соработката, особено во поддршка на приватниот сектор и малите и средни претпријатија преку Развојната банка.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Апсење на Граничниот премин Блаце

    08.06.2026 во 11:01

    Драмскиот театар со „Кармен“ на фестивалот БАБЕЛ во Романија

    08.06.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.