На 06.06.2026 година во 12:30 часот во СВР Скопје, С.Т. (43) од Скопје пријавил дека во село Долно Соње, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници, кои ги познавал.
Според пријавата, претходно едниот од малолетниците го снимал и фотографирал со мобилен телефон, а при нападот бил употребен и тврд предмет.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

