Времето денеска ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност во претпладневните часови. Попладне се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На поединечни места ќе има услови и за појава на невреме со град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
УХМР ги измери температурите до 8 часот. Најниска температура има на Попова Шапка, 13 степени. Најтопло е Гевгелија со 25 степени.

