Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Минданао, еден од јужните острови на Филипините.
Според информациите на агенцијата Ројтерс, засега нема детални податоци за пријавените смртни случаи, но објавените снимки од терен покажуваат голема материјална штета и урнати згради.
Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ) соопшти дека силниот потрес бил регистриран на длабочина од 10 километри под површината на земјата.
Поради силниот интензитет на потресот, геофизичките агенции на Филипините и на соседна Индонезија веднаш издадоа предупредувања за појава на опасни бранови и цунами во регионот.

