Close Menu
Press24
    Најново

    ВРЕДИ: За 25 месеци го направивме она што ДУИ не можеше 25 години

    08.06.2026 во 08:25

    Трагедија во Скопје: Починат маж најден под автомобил

    08.06.2026 во 08:22

    ФОТО: „Среќен роденден кралу“ – Транспарент за Груби кај Мавровка

    08.06.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: За 25 месеци го направивме она што ДУИ не можеше 25 години
    • Трагедија во Скопје: Починат маж најден под автомобил
    • ФОТО: „Среќен роденден кралу“ – Транспарент за Груби кај Мавровка
    • Починат маж пронајден во Центар – Друг во хотел на Бит Пазар
    • Низа семејни насилства низ Македонија: Жени следени од поранешниот партнер, две претепани од сопругот
    • Верниците го започнуваат Петровденскиот пост
    • Инвестиција од 8,5 милиони евра и 80 работни места – Мицкоски на отворање фабрика во Виница
    • Претседателот на Собранието со отчет за изминатите две години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: За 25 месеци го направивме она што ДУИ не можеше 25 години

    ВРЕДИ: За 25 месеци го направивме она што ДУИ не можеше 25 години

    08.06.2026 во 08:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Проблемите на ДУИ не се проблеми на Албанците. ДУИ има проблем со политичко преживување, додека Албанците имаат потреба од унапредување на Охридскиот договор и заштита на правичната и соодветна застапеност. Цели 25 години ДУИ ја имаше власта, но не и волјата. Ги имаше институциите, министерствата и механизмите во свои раце, но еден од главните столбови на Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност, го остави настрана, стои во соопштението на ВРЕДИ.

    Денес, кога зборуваат за закана врз Охридскиот договор, тоа го прават токму оние кои го прогласија за завршен, додека едно од неговите главни начела го оставија без закон. Наместо да донесат закон, измислуваа привремени механизми. Наместо да ја заштитат правичната застапеност како уставен принцип, ја користеа како алатка за политички пазарења.

    Така беше и со балансерот. Го продаваа како решение, но граѓаните видоа како се злоупотребуваше на конкурси. Некој еден ден се изјаснуваше како едно, а следниот ден како нешто друго. Не затоа што му се менуваше идентитетот, туку затоа што му се менуваше интересот.
    Тоа не е правична застапеност. Тоа е игра со системот.

    Законот што го носи ВЛЕН ја отстранува оваа логика. Никој не му го одзема правото на граѓанинот слободно да се изјасни, но самоизјаснувањето не може да биде покритие за измама.

    Кога постојат официјални податоци, тие не можат да се игнорираат само затоа што некому му одговара поинаку за одреден конкурс. Ако се утврди злоупотреба, кандидатот ќе биде одбиен и нема да може да се пријавува на конкурси во наредните три месеци. Овој закон воведува ред во вработувањата. Нема повеќе вработувања по нечија волја, нема повеќе импровизации и нема повеќе игри со идентитетот на граѓаните. Ќе има планирање, податоци, одговорност и закон.

    Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Претседателот на Собранието со отчет за изминатите две години

    08.06.2026 во 07:56

    Законот за оружје и возила пред пратениците

    08.06.2026 во 07:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.