Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска во законодавниот дом ќе го презентира извештајот за својата работа во изминатите две години.
Од собраниската прес-служба информираат дека презентацијата е закажана за 10 часот во салата „Борис Трајковски“.
Според предвидената агенда, Гаши најнапред ќе ги претстави клучните активности и резултати од неговиот двегодишен мандат, по што ќе следува видео-презентација и негово обраќање пред присутните.

