Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Законот за оружје и возила пред пратениците

    Законот за оружје и возила пред пратениците

    08.06.2026 во 07:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска ќе заседаваат неколку комисии, меѓу кои Комисијата за европски прашања, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

    Комисијата за европски прашања ќе го разгледува Предлог-законот за високи раководители во прво читање.

    Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе се најдат Предлог-законот за користење на енергијата од обновливи извори и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, исто така во прво читање.

    Со предложените измени на Законот за возила се прецизираат условите за пуштање на пазар и користење на возилата, нивната регистрација и техничка исправност, како и работата на техничките служби и правните лица овластени за технички преглед и регистрација. Целта е да се доуреди постапката за добивање овластување за вршење технички прегледи и продолжување на регистрацијата на возилата, како и да се создаде основа за донесување подзаконски акти со кои подетално ќе се регулира оваа област.

    Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба. Со законот за судска служба се уредува статусот на вработените во судовите, вклучително и судските службеници, државните службеници, судската полиција и помошно-техничкиот персонал. Предлогот се темели на принципите на законитост, професионалност, одговорност, ефикасност, економичност и транспарентност.

    На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-законот за оружјето, со кој се предвидува усогласување на домашната регулатива со европските стандарди. Предлогот вклучува ново дефинирање на поимите што се користат во законот, ревидирање на категоризацијата на оружјето и техничко-терминолошки прецизирања.

    Со законските измени се очекува да се надминат одредени практични предизвици со кои се соочуваат надлежните служби на Министерството за внатрешни работи и да се обезбеди поефикасна примена на законските решенија во пракса.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.