Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам

    Филипче: Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам

    07.06.2026 во 13:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Корупцијата цвета а власта го употребува обвинителство за реваншизам, нагласипретседателот претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“. Филипче посочи дека во правосудството нема напредок, а власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот.

    „Во правосудството нема напредок, напротив власта се обидува да воспостави целосна контрола на овој клучен дел од системот. Не само што не постои борба против коруцијата, туку додека корупцијата цвета, власта го користи обвинителството за реваншизам и напади на опозицијата. Медиумите се во многу загрижувачка состојба, опаѓа слободата на печатот, се зголемува контролата од партиите на власт. Демократијата замира во оваа наша земја“, рече Филипче.

    Тој додаде зад пораките на власта за стабилност се крие сосема поинаква реалност, во која граѓаните се соочуваат со економски притисоци, институционален застој и чувство на несигурност.


    „Тоа е вистинската слика на владеењето денес. Скапотија за граѓаните, самоувереност на власта, празен ПР, застој во институциите, контрола на медиумите и конфузија во стратешките прашања. Власт што зборува за стабилност, а произведува несигурност. Власт што се повикува на достоинство, а всушност ја нуди беспомошноста како државна стратегија. Власт што сака да изгледа голема на фотографија, а секојдневно станува мала пред проблемите на луѓето“, рече Филипче.

    Она што е опасно како што кажа Филипче е што целата слабост, неуспех и неспособност се прикрива со националистичка реторика.


    „Зашто најлесно е неуспехот да се покрие со врева. Најлесно е тешката реалност да се оттурне со наметнато чувство дека секоја критика е предавство, дека секој разумен предлог е слабост, дека секој повик за храбрa одлука е понижување. Но, држава не се води со инает. Држава се води со визија. Држава не се брани со изговори. Држава се брани со резултати“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37

    ВМРО-ДПМНЕ за Филипче: „Сам призна дека неговите студенти имаат катастрофално знаење“

    18.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.