Гаранција од 60 000 евра за Стефан Богоев да се брани од слобода поднела одбраната на поранешниот директор на Царина и пратеник Стефан Богоев, пренесува ТВ 24 повикувајќи се на свои извори.
Во жалбата се наведени и контра аргументи за основите за кои Богоев доби притвор за опасност од бегство и влијание врз сведоци.
Од Кривичниот суд потврдуваат дека жалбата е стигната и пратена во ОЈО ГОКК за одговор, по што од понеделник ќе одлучува Кривичен совет.
Богоев со уште три лица се сомничи за местење на тендер вреден 300 000 евра и примање награда од 1800 евра. Од ОСДСМ откако преку соопштение обвинија дека апсењето е политички монтирано, претседателот на партијата Венко Филипче се воздржа од коментар додека не решеле институциите.

