Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Со СМАРТ лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста

    07.06.2026 во 11:12

    Пукање во скопско: Еден повреден

    07.06.2026 во 11:02

    Хаос во Охајо: Масовно пукање на фестивал – 12 лица повредени

    07.06.2026 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Со СМАРТ лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста
    • Пукање во скопско: Еден повреден
    • Хаос во Охајо: Масовно пукање на фестивал – 12 лица повредени
    • Косово гласа на избори третпат во 16 месеци: Може ли Курти да ја реши претседателската криза?
    • МВР во акција: Апсеше на повеќе локации
    • 34 степени денеска во Скопје: Попладне подгответе си ги чадорите – ќе има силно невреме
    • Дубаи: Кризата драстично ги намали цените на хотелите со 5 ѕвезди – локалците си уживаат во луксузот за без пари
    • СДСМ го одржува 32. Конгрес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Со СМАРТ лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста

    Андоновски: Со СМАРТ лиценците воведуваме целосна дигитализација и брза проверка на валидноста

    07.06.2026 во 11:128 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иницијатива „Roam Like at Home“ – статус и следни чекори Иницијативата „Roam Like at Home“ претставува еден од највидливите и најпрактични примери за придобивките од европската интеграција, бидејќи директно влијае врз секојдневието на граѓаните, компаниите, студентите, работниците и сите кои патуваат или комуницираат во Европската унија.

    Нејзината суштина е едноставна, но исклучително значајна: користење на мобилни услуги — повици, СМС-пораки и мобилен интернет — без дополнителни трошоци за роаминг, односно под услови што се еднакви или споредливи со домашните тарифи. За земјите од Западен Балкан, вклучително и нашата држава, приклучувањето кон оваа иницијатива претставува конкретна демонстрација на нашата заедничка европска иднина и реафирмирање на отворениот европски пат на регионот. Во поширок политички и економски контекст, „Roam Like at Home“ не е само техничко прашање од областа на електронските комуникации.

    Таа е дел од процесот на постепена интеграција на Западен Балкан во Единствениот пазар на Европската Унија и е поврзана со усогласување со релевантното европско законодавство, воспоставување соодветна регулаторна рамка и обезбедување услови за реципрочна примена на правата и обврските меѓу Европската Унија и земјите од регионот. Токму затоа, пристапувањето кон оваа иницијатива бара темелна правна, институционална и регулаторна подготовка, како и координирано делување на национално и европско ниво. Република Македонија во изминатиот период презеде значајни активности во насока на усогласување со европското законодавство релевантно за приклучување кон иницијативата „Roam Like at Home“.

    Во рамките на процесот беа изработени четири гап-анализи за прилагодување на европски директиви и регулативи во македонското законодавство. Анализите овозможија јасно идентификување на разликите меѓу националната правна рамка и четири правни акти кои се дел од европското acquis во областа на електронските комуникации и роамингот, како и утврдување на потребните законски и подзаконски измени за целосно усогласување.

    Врз основа на утврдените потреби од гап-анализите и препораките произлезени од работната група, беше подготвен соодветен законски текст за измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, со кои се обезбедува усогласување со Европскиот електронски комуникациски кодекс и другите акти (директива на Советот со утврдување, на ниво на Унијата, единствена максимална цена за завршување говорни повици во мобилни мрежи и единствена максимална цена за завршување говорни повици во фиксни мрежи; регулатива за основање на Телото на европските регулатори за електронски комуникации (БЕРЕK) и Агенцијата за поддршка на БЕРЕК (Канцеларија на БЕРЕК); регулатива за роаминг во јавни мрежи за мобилна комуникација во рамките на Унијата) и регулатива за утврдување детални правила за примена на политиката на фер користење и за методологијата за процена на одржливоста на укинувањето на дополнителните надоместоци за роаминг и за барањето кое го поднесува давателот на услуги. Европскиот електронски комуникациски кодекс претставува еден од клучните правни акти кои се дел од европското acquis поврзано со „Roam Like at Home“, а неговото транспонирање е важен предуслов за понатамошно приклучување кон европскиот режим за роаминг.

    Нацрт-текстот на законот за електронски комуникации беше објавен на ЕНЕР на 20 јануари 2026 година, со што беше отпочната соодветната владина постапка. Текстот на законот беше разгледан на телата на Владата и беше донесен заклучок усогласениот текст на законот да биде разгледан на седница на Владата. На седницата на Владата, одржана на 24 февруари 2026 година, беше утврден текстот на Предлог-законот. Со заклучок на Владата, Министерството за дигитална трансформација беше задолжено да го достави Предлог-законот на мислење до Европската комисија. Со ова, националниот дел од подготовката на законскиот текст беше заокружен, а понатамошната постапка зависи од мислењето и оценката на Европската комисија. Согласно заклучокот, до Европската комисија беше доставен целосниот пакет документи потребен за оценка на усогласеноста.

    Пакетот го опфаќа Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, како и соодветните подзаконски акти потребни за целосно усогласување со европската регулатива во областа на роамингот. Во пакетот се вклучени правилници и одлуки кои се однесуваат на регулираните роаминг услуги, дополнителните надоместоци, методологијата за процена на одржливоста на укинувањето на малопродажните надоместоци за роаминг, како и на утврдувањето на големопродажните цени за завршување на мобилни и фиксни говорни повици. Дополнително, доставени беа и одлуки за утврдување на максималните цени на големопродажните услуги за завршување на мобилни и фиксни говорни повици во јавни електронски комуникациски мрежи, како за повици кои потекнуваат од број на Европската Унија, така и за повици кои потекнуваат од број на Република Македонија.

    Пакетот содржи и одлука за утврдување на просечната големопродажна цена што операторот на посетената мрежа може да ја наплати на давателот на роаминг-услуги за обезбедување регулиран роаминг-повик, регулирана роаминг СМС-порака и регулирани роаминг- услуги за пренос на податоци. Целиот пакет е пропратен со пет коресподентни табели, со што е обезбедена сеопфатна основа за оценка од страна на Европската комисија.

    Во меѓувреме, како дел од напорите за спроведување на чекорите од реформска агенда, до службите на Европската комисија доставивме предлог измена за целосно усогласување со Европскиот електронски комуникациски код и добивме позитивна оцена, по што се очекува донесување на законските измени од Собранието. Паралелно со доставувањето на законскиот и подзаконскиот пакет, беше добиен прашалник од Мисијата во Брисел. Министерството за дигитална трансформација достави одговори на прашалникот, во координација со Секретаријатот за законодавство, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Министерството за правда. Со преземените активности, Република Македонија го заокружи клучниот национален дел од процесот на усогласување во оваа област. Изработката и разгледувањето на гап-анализите, подготовката на законскиот текст, неговото објавување на ЕНЕР и спроведувањето на владината постапка, утврдувањето на текстот од страна на Владата и доставувањето на целосниот пакет до Европската комисија претставуваат целосно исполнување на условите за приклучување кон „Roam Like at Home“, условено со позитивна оценка од страна на ЕК. Согласно тоа, следниот чекор е добивање на мислење од Европската комисија, по што ќе продолжи постапката за финализирање на процесот и за понатамошно учество во секторските преговори. Претходен услов за пристапување кон „Roam Like at Home“ е усогласување со acquis-то за роаминг, Република Македонија веќе ги презеде клучните активности во таа насока и во моментов го очекува мислењето на Европската комисија.

    Доколку оценката на Комисијата биде позитивна, ќе се смета дека условите се исполнети. По таквата позитивна оценка, заедничкото тело што ќе биде воспоставено со договорот ќе може да донесе одлука за реципрочно отворање на пазарот за роаминг помеѓу Европската Унија и Западен Балкан. Сумарно, во оваа фаза се очекува потврда на измените на законската регулатива, односно оценка од Европската комисија за степенот на усогласеност на доставениот пакет со релевантното европско acquis. Паралелно на нашите активности, од суштинско значење е и донесувањето на соодветен правен основ од страна на Европската комисија и институциите на Европската Унија за започнување преговори со Република Македонија и другите земји од Западен Балкан. Откако предлог-одлуката помина низ работните тела, Советот на Европската Унија на 4 јуни го одобри отпочнувањето на преговори со земјите од Западен Балкан во насока на проширување на режимот „Roam Like at Home“.

    По оваа одлука, Европската комисија ќе започне секторски преговори со секоја од земјите од Западен Балкан поединечно. Овие преговори ќе бидат засновани врз Договорот за стабилизација и асоцијација. Секторските договори ќе ја воспостават институционалната рамка за нивна имплементација, управување и следење. Со тоа ќе се создаде правен и институционален механизам преку кој ќе може да се регулира реципрочното отворање на пазарот за роаминг помеѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан.

    Министерството за дигитална трансформација подготвено го очекува почетокот на овој процес, имајќи предвид дека веќе е формиран преговарачки тим составен од претставници на повеќе надлежни институции. За 12 јуни 2026 е закажан состанок помеѓу Министрите од Западен Балкан и претставници на Европската Комисија, каде ќе се дискутираат главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеноста на секоја земја. Овој процес има силна практична, економска и политичка вредност. За граѓаните, тој значи намалување или укинување на дополнителните трошоци при патување и комуникација со земјите од Европската Унија. За компаниите, особено за оние што работат прекугранично или имаат партнери во ЕУ, значи пониски трошоци и поголема предвидливост. За институциите, тој претставува доказ за способноста на државата да се усогласи со европските правила и да испорача конкретни резултати од процесот на европска интеграција.

    Иницијативата „Roam Like at Home“ затоа треба да се гледа како повеќе од техничко регулаторно усогласување. Таа е видлив и разбирлив резултат за граѓаните, кој ја доближува Европската Унија до секојдневниот живот и ја потврдува европската перспектива на Република Македонија и на целиот регион. Со досегашните активности, Република Македонија покажува јасна посветеност кон исполнување на условите за приклучување кон европскиот режим на роаминг. Усвојувањето на законските измени, подготовката и доставувањето на целосниот регулаторен пакет, изработката на гап-анализите, координацијата со надлежните институции и комуникацијата со Европската комисија претставуваат значаен напредок.

    Следниот клучен чекор е постапката за финализирање на националната правна рамка и учество во секторските преговори што треба да го отворат патот кон целосно приклучување на Република Македонија кон „Roam Like at Home“.

    Прочитај повеќе

    Пукање во скопско: Еден повреден

    07.06.2026 во 11:02

    МВР во акција: Апсеше на повеќе локации

    07.06.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.