Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Дали Богоев требало да земе 10% од наместениот тендер во Царина?

    ВМРО-ДПМНЕ: Дали Богоев требало да земе 10% од наместениот тендер во Царина?

    07.06.2026 во 10:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дали е точно дека на Богоев му биле ветени 10% од наместениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Криминалната матрица на СДС не се менува и не исчезнува. Таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев и останати, на партискиот подмладок.

    Младинската организација на СДС, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ ја надминаа шемата на Заев, едно евро за црквата едно за Вицето, па целата провизија од местењето тендери ги задржуваат само за себе.

    Ова го потврдува последниот случај на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоевски – Богац, детето од СДММ, кој впрочем е несуден наследник на Заев на челната позиција на партијата, кој наместил тендер за чистење и за тоа зел една транша од 110.000 денари.

    Овие пари биле една од многуте коишто Богоев требал да ги земе како мито за наместениот тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари.

    Сивата еминенција на СДС, Џемо од Прилеп договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание врз Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти.

    Џемо успеал во намерата и го кандисал Богоев, кој го овозможил овој 18 милионски тендер за чистење што го доби фирма блиска прилепскиот локален шериф.

    Прашањето коешто треба да го одговори Богоев е, колку пари требал да добие како награда за завршената работа и дали е точно дека му биле ветени 10 проценти од тендерот, односно 1,8 милиони денари?

    Дополнително, Богоев треба да одговори дали се точни информациите стигнати до нас, дека ова не бил последен наместен тендер во Царина под негово раководство?

    Со ваквите криминални и корупциски случаи, децата на СДС си го покажаа вистинското криминално лице.

    Подмладокот и иднина на Заев падна на првиот тест и со вакви корумпирани кадри СДС треба да се распушти, а не да води политики, која има за цел да ги распродава националните интереси.

    Одговорност за криминалот и корупцијата на СДС мора да има, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.