Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче од „Скопска иницијатива“: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во ЕУ

    06.06.2026 во 14:02

    Мицкоски од ИЈЗ: Од институција која тонеше во долгови, денес инвестираме во опрема и инфраструктура

    06.06.2026 во 14:01

    Серија апсења во Македонија: Паднаа осум лица

    06.06.2026 во 13:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче од „Скопска иницијатива“: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во ЕУ
    • Мицкоски од ИЈЗ: Од институција која тонеше во долгови, денес инвестираме во опрема и инфраструктура
    • Серија апсења во Македонија: Паднаа осум лица
    • Голем исчекор во здравството: Се отвора првото психолошко советувалиште за деца и млади преку „Мој термин“
    • Филмско бегство во Кичево: Дал гас и им побегнал на полицајците, кога го фатиле откриле дека нема ни возачка
    • Камион се расипал среде Сахара, 49 верници починале од жед
    • Петрушевски: Колку пари требало да добие Богоев за местениот тендер вреден 18 милиони денари?
    • УХМР со најнова прогноза: Наутро сонце, после пладне невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од „Скопска иницијатива“: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во ЕУ

    Филипче од „Скопска иницијатива“: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во ЕУ

    06.06.2026 во 14:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес конференцијата во рамки на меѓународната конференција „Скопска иницијатива“се осврна на пораките од Самитот за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват, нагласувајќи дека процесот на европска интеграција влегува во клучна фаза која државата не смее да ја пропушти.

    Филипче истакна дека самитот испрати јасен сигнал дека Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија и дека за првпат се отвораат нови, олеснети механизми за приближување кон членство.

    „После вчерашниот самит за Западен Балкан на Европската Унија во Тиват во којшто за првпат вака јавно и во оваа форма сите земји членки на Европската Унија кажуваат дека Западниот Балкан припаѓа во Европа, нудат механизми за првпат со коишто се олеснува нашата евроинтеграција и со коишто бенефитите од членство се добиваат многу повеќе и се чувствуваат дури и за време на преговорите, а не откако земјата ќе стане членка на Европска Унија“, порача Филипче.

    Тој потенцираше дека „отворената врата“ мора да се искористи без одложување, бидејќи станува збор за иднината на државата и животниот стандард на граѓаните.

    „Да не ја испуштиме шансата затоа што сепак станува збор за иднината на државата, за благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните кои живеат тука, коишто со децении го чекаат овој момент“, нагласи Филипче.

    Осврнувајќи се на претходните искуства во евроинтегративниот процес, Филипче потсети дека земјата веќе се соочила со блокади и разочарувања.

    „Сме имале многу разочарување во минатото, имало разочарување и од Европската Унија. Едно од тоа беше ветото на Франција пред неколку години кога сите очекувавме да се случи почеток на преговори, но тоа не се случи. Но сега треба да се направи чекор и да се почне со преговорите и отворањето на поглавјата.“, рече Филипче.

    Тој додаде дека иднината на целиот регион е во Европската Унија и дека европската перспектива мора заеднички да се реализира.

    „Иднината на Европската Унија е вклучувањето на Западен Балкан и вклучувањето на Република Северна Македонија како полноправни членки. Исто така иднината на Северна Македонија е во Европската Унија и иднината на целиот регион е во Европската Унија. Овие два процеси заеднички треба да се одвиваат и конечно да го обединат целиот континент“, потенцираше Филипче.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски од ИЈЗ: Од институција која тонеше во долгови, денес инвестираме во опрема и инфраструктура

    06.06.2026 во 14:01

    Серија апсења во Македонија: Паднаа осум лица

    06.06.2026 во 13:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.