Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нападнат и потонат турски брод во Црното Море: Еден морнар загина, неколкумина се ранети кај Крим

    Нападнат и потонат турски брод во Црното Море: Еден морнар загина, неколкумина се ранети кај Крим

    06.06.2026 во 11:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Турски трговски брод бил нападнат и потонат во северниот дел на Црното Море, при што едно лице го загуби животот, а уште четири се здобија со повреди, соопштија официјалните служби на турската крајбрежна стража.

    Инцидентот се случил вчера во акваторијата западно од Севастопол на полуостровот Крим, каде што директно бил таргетиран и погоден бродот под име „Дуру 67“.

    По нападот, петмина повредени морнари биле брзо евакуирани и спасени од екипажот на друг брод, „Бурак Каја“, но еден од нив им подлегнал на повредите за време на транспортот кон Турција.

    Како што јавува новинската агенција Анадолија, преживеаните морнари веднаш биле пренесени во болница во главниот град на турската покраина Кастамону за укажување лекарска помош.

    Локалните здравствени власти информираа дека евакуираните лица се надвор од животна опасност и дека претрпеле полесни повреди предизвикани од шрапнели. До овој момент ниту една страна нема преземено одговорност за нападот.

    Прочитај повеќе

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.