Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44

    Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ

    29.10.2026 во 19:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Старт на државната матура: Над 14.500 ученици денеска седнуваат на жешкото столче, воведени строги правила и контроли

    Старт на државната матура: Над 14.500 ученици денеска седнуваат на жешкото столче, воведени строги правила и контроли

    06.06.2026 во 10:22Updated:06.06.2026 во 10:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од 14.500 матуранти ширум земјава од утрово се во училишните клупи и го полагаат првиот изборен екстерен испит од државната матура.

    Оваа година процесот носи целосна нова динамика, со оглед на тоа што за првпат се полагаат три различни типови матура прилагодени според средното образование на учениците.

    Податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ) покажуваат дека од вкупно пријавените 14.587 ученици, убедливо најголем дел полагаат класична државна матура, додека останатите се распределени во стручна и уметничка матура.

    Англискиот јазик е дефинитивно најубедливиот избор каде знаењето ќе го тестираат над 13 илјади кандидати, додека за математика се пријавиле нешто повеќе од илјада средношколци.

    Следниот задолжителен чекор за учениците е испитот по мајчин јазик и литература, кој според официјалниот календар е закажан за 11 и 12 јуни во зависност од типот на образованието.

    На терен се ангажирани околу 2.500 тестатори кои будно следат да нема неправилности, со оглед на тоа што годинава важи строга забрана за внесување на мобилни телефони и какви било електронски уреди.

    Поради просторен дефицит во некои од средните училишта, дел од матурантите своите тестови ги полагаат во големите амфитеатри на факултетите.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.