Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Мицкоски  задоволен од средбите со Макрон и Мерц во Тиват:  Процесот на проширување е жив

    (ФОТО) Мицкоски  задоволен од средбите со Макрон и Мерц во Тиват:  Процесот на проширување е жив

    05.06.2026 во 16:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив.

    „Ова се моменти кога  практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. Она што е наша задача како Влада е тој процес да го зачуваме, да напредуваме, но истовремено да не го изгубиме достоинството, како што тоа беше пример во минатите децении, кога станува збор за нашите македонски аспирации за членство во рамките на Европската Унија. Нашата цел е да останеме држава која што испорачува најмногу реформи и истовремено да останеме фокусирани на проширувањето и да го сочуваме националното достоинство.“ рече премиерот Мицкоски.

    Претседателот на Владата се осврна и на средбата со германскиот канцелар Мерц којашто ја оцени како прилично конструктивна и истакна задоволство од разговорот.

    „Ние се знаеме и од рамките на Европската народна партија, но еве ова беше прв состанок помеѓу два премиери и јас сум исклучително задоволен од состанокот. Исклучително сум задоволен и од она што вчера го разговаравме и со претседателот Макрон на работната вечера и со претседателката на Комисијата, Фон Дер Лајен. Уставните измени кои ги прифати претходната Влада беа тема на разговорот, но нашиот став е тој, ние заслужуваме многу повеќе од потпросечни политички медиокритети, како што беше претходната влада, да ни ја креираат европската судбина и мислам дека голем дел од земјите членки на Европската Унија тоа го разбираат. Процесот на проширување е жив и добро е што таа порака денес лидерите на земји членки на ЕУ ја испратија.“ заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.