Close Menu
    Најново

    Манасиевски: Спасовски три месеци молчел за нерегуларности во станицата во Сарај, овозможил профит од над 90.000 евра

    13.12.2025 во 12:22

    Обдукцијата заврши: Жената во гостиварско била застрелана пред да биде закопана, истрагата проширена на сопругата на осомничениот

    13.12.2025 во 11:40

    (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО): Групна тепачка во училиштето „Дитурија“ во Сарај, ученици снимаат наместо да реагираат

    13.12.2025 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Манасиевски: Спасовски три месеци молчел за нерегуларности во станицата во Сарај, овозможил профит од над 90.000 евра
    • Обдукцијата заврши: Жената во гостиварско била застрелана пред да биде закопана, истрагата проширена на сопругата на осомничениот
    • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО): Групна тепачка во училиштето „Дитурија“ во Сарај, ученици снимаат наместо да реагираат
    • (ВИДЕО) Паднаа двајца дилери од Скопје – полицијата пронајде голема количина дрога
    • ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил
    • Македонија се разбуди со минусни температури: УХМР соопшти каде е најстудено
    • Катица Јанева излезе од затвор
    • Денеска е Свети апостол Андреј – еве што велат обичаите
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Таравари не ги крие проблемите во коалицијата „Вреди“: Од Мицкоски сум воодушевен

    Таравари не ги крие проблемите во коалицијата „Вреди“: Од Мицкоски сум воодушевен

    01.04.2025 во 09:53
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата Вреди, Арбен Таравари, синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата.

    Според него, коалицијата Вреди функционира „тромо“ и треба да се најде модел за подобра синхронизација. Таквото мислење, како што вели, не било само негово лично, туку го темели и на анкети спроведени пред сѐ меѓу Албанците во земјава.

    – Јас мислам дека имаме многу недостатоци. Тоа не е толку до премиерот Мицкоски, колку што е до нас. Постои некаква неусогласеност што се гледа од 100 километри, дека многу бавно функционираме. Впечаток е на народот, што е најлошо за нас, дека Вреди има многу слаба позиција во Владата. Само што направив три анкети, кај Албанци генерално анкетирани. Впечатокот на околу 70% од населението Албанци е дека Вреди не функционира добро, не е задоволувачко претставувањето на Албанците во Владата – кажа Таравари.

    Тој дообјасни дека кога зборува за претставувањето на Албанците во Владата не мисли на квантитетот, туку на квалитетот.

    – Ако земете во квантум, значи број на министри, број на директори, океј е претставувањето на Вреди во Владата. Меѓутоа, ако го земете квалитативно, тоа не е баш како што треба, не функционира баш како што треба и тоа е генерален впечаток на повеќето, зборувам за Албанците – посочи Таравари.

    Во однос на претстојните локални избори и дали Вреди ќе настапи со заеднички листи за советници и кандидати за градоначалници, тој вели дека тоа прашање е отврено уште од лани, кога се појави идејата за Вреди од коалиција да прерасне во една партија.

    – Заедничка констатација наша во јули или во август минатата година беше дека подобро да одиме со четири партии до локални избори и после локални избори да се обидеме да бидеме една партија. Меѓутоа, тогаш, баш на тој состанок, јас кажав – доколку одиме со четири партии, тогаш и советничките листи добро би било да ги имаме секој за себе. Оти јас знам, 2021 година со Алтернатива ние бевме заедно на локални избори и колку мака имавме две партии да се усогласиме за иста советничка листа. И замислете, сега ќе дојдеме во ситуација четири партии за една советничка листа – рече Таравари.

    На прашањето, како прогнозира дека Вреди ќе настапи на следните избори, тој одговори дека посакува да се изнајде формула за да излезат заедно, но, како што наведе „интуицијата му говори дека одржливоста на Вреди и после избори да биде една партија, е скоро невозможна мисија“.

    – Можеби грешам, времето ќе покаже – кажа Таравари.

    За последната средба во Приштина на лидерите на Вреди со косовскиот премиер Албин Курти, го повтори претходно кажаното дека Курти е пријател и ги советува, и оти спротивно на написите во медиумите, средбата поминала во коректна атмосфера.

    За тоа, пак, дали неговите чекори се инспирирани од премиерот на Албанија, Еди Рама, поради загриженост за статусот на Албанците во земјата, Таравари одговори – не.

    Тој го пофали премиерот Христијан Мицкоски, а ја критикуваше некомпетентноста на кадровските решенија на Вреди.

    – Јас мислам дека статусот на Албанците не е лош во Македонија. Никогаш не се случило да има еден ваков коректен однос на премиер спрема коалициските партнери. Ова е суперкоректно, да бидам искрен до крај. Меѓутоа, директорите, заменик-директори, заминик-министри, јас мислам дека не функционира баш како што треба… Меѓутоа, генерално, пак да речам, тој рапорт, тој однос со премиерот е сосема коректен и ова секаде сум го кажал – од Приштина, до Тирана и секаде каде што одам. Меѓутоа, подолу, нас ни треба, на пример, ете ќе земам табли се ставаат по патишта, од тројазични – двојазични и треба ние со медиуми да се занимаваме по три дена, два дена, со прес-конференции ДУИ, па Вреди, за работи коишто се навистина банални. Меѓутоа, за среќа, овој период немало ни монтирани случаи, ни апсења по нарачка, ниту скандали што се направени од претставниците на Владата. И во овој контекст, јас мислам дека е океј функционирањето. Меѓутоа, подолу кога одиме, не е тоа мој впечаток, тоа е генерален впечаток, дека не е баш како што треба, а може многу подобро да биде – рече Таравари.

    Популарно

    (ВИДЕО) Напад во Црното Море: Турски патнички и товарен брод погоден од ракета „Искандер“ во пристаништето Одеса

    12.12.2025 во 19:28

    Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    11.12.2025 во 09:11

    Мицкоски: Македонските граѓани што ја напуштија државата почнаа полека да се враќаат

    12.12.2025 во 13:39

    Хорор во регионот: Палета тешка повеќе од еден тон уби маж

    12.12.2025 во 19:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.