Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ за вратениот авион со 87 Срби: Тоа се партиски активисти а не криминалци

    Вучиќ за вратениот авион со 87 Срби: Тоа се партиски активисти а не криминалци

    05.06.2026 во 10:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инцидентот со чартер-летот на српски државјани, кои беа вратени од аеродромот во Тиват непосредно пред Самитот ЕУ – Западен Балкан, бил резултат на иницијатива на лица од неговото опкружување, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласувајќи дека меѓу патниците немало криминалци ниту, пак, намера за предизвикување каква било дестабилизација.

    Говорејќи по пристигнувањето на самитот, Вучиќ истакна дека денес би им се извинил на црногорските домаќини за непријатностите што настанале од оваа ситуација.

    „Тие немаа оружје, ништо навредливо или опасно. Дојдоа за да создадат подобра атмосфера за мене, а никој дури не ме ни праша. Таму нема криминалци“, изјави Вучиќ.

    Тој појасни дека групата била составена од активисти на неговата партија, при што од вкупно 87 српски државјани, само петмина во минатото поминале низ некаква кривична постапка, но тие не претставуваат никаква безбедносна закана.

    „Би ја прифатил политичката цена за погрешната проценка на некој од мојата околина. Се водеше брутална кампања Србија да биде претставена како дестабилизирачки фактор во регионот“, изјави Вучиќ.

    Претседателот откри дека отпатувал во Тиват и покрај претходното предупредување од српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) за можни ризици, нагласувајќи дека се чувствува безбедно и дека има професионално обезбедување.

    Според црногорските медиуми и Антена М, француската разузнавачка служба ДГСЕ ги алармирала тамошните власти по добиени информации од белградскиот аеродром дека во авионот има лица од криминалното милје поврзани со владејачката Српска напредна странка.

    Црногорската полиција официјално потврди дека чартер летот Белград – Тиват бил ставен под засилени безбедносни проверки, по што на дел од патниците им бил забранет влез во земјата бидејќи биле идентификувани како лица од безбедносен интерес.

    Целиот случај добива голема политичка тежина во регионот бидејќи на самитот учествуваат највисоките претставници на ЕУ, меѓу кои Емануел Макрон, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта, при што дел од аналитичарите го толкуваат инцидентот како обид за меко влијание врз Црна Гора во моментот кога таа е најблиску до членство во Унијата.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.