Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема Европа и подобар живот за граѓаните

    05.06.2026 во 09:32

    ВМРО-ДПМНЕ: Богоев како менторот Заев – Барал мито и местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра

    05.06.2026 во 09:15

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ има само една реформа – Распродавање на државните интереси

    05.06.2026 во 09:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема Европа и подобар живот за граѓаните
    • ВМРО-ДПМНЕ: Богоев како менторот Заев – Барал мито и местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра
    • ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ има само една реформа – Распродавање на државните интереси
    • Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи
    • Водовод со важно известување до граѓаните – Последен ден за отплата без камата
    • Франција и Германија го објавија новиот предлог за постепено проширување
    • Дневен хороскоп: Сонцето им носи среќа на Близнаците, Месечината ги крева Водолиите, Раковите наоѓаат решение
    • Температурите ова утро низ Македонија – УХМР најавува пресврт со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема Европа и подобар живот за граѓаните

    СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема Европа и подобар живот за граѓаните

    05.06.2026 во 09:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од највисоко европско ниво пристигнаа јасни и недвосмислени потврди за сето она што СДСМ го говори со месеци наназад – сите лаги на Мицкоски се разобличени, се наведува во соопштението од СДСМ.

    Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. 

    Лагите со кои Мицкоски ги манипулираше граѓаните се потопени.

    Во исто време, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за Македонија, во кој се констатира недоволен напредок во реформите, особено во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.

    Ова е директна потврда дека Владата на Мицкоски не спроведува реформи. 

    Наместо независни институции, сведочиме на политички притисоци врз правосудството, јавно мешање во работата на обвинителството и обиди за партиска контрола врз институциите.

    Извештајот на Вајц дополнително предупредува и на странско непријателско влијание и кампањи за дезинформации кои ја поткопуваат демократијата. 

    Тоа е уште една потврда за она на што СДСМ предупредува со месеци – дека антиевропските наративи, дезинформациите и евроскептицизмот не се случајни, туку дел од организирана кампања по примерот на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО-СНС.

    Додека Мицкоски и неговата пропагандна машинерија шират стравови и лаги за наводно загрозување на идентитетот, јазикот и културата, вистинската цел е да се задржи државата во изолација и да се спречи европската интеграција.

    Лажниот патриотизам служи само како параван за неспособноста, корупцијата и отсуството на реформи. Наместо напредок кон Европа, Македонија е заглавена со кримимална група на власт.

    Денес е кристално јасно: со Христијан Мицкоски и ВМРО нема Европа, нема реформи и нема подобар животен стандард.

    Дури и во последниот заеднички документ (position paper) на владите на Берлин и на Париз се Копенхашките критериуми.  Значи без реформи и исполнување на единствениот услов за внесување на малцинствата во уставот нема продолжување на преговорите со ЕУ. Уште една потврда на тоа што го говори СДСМ.

    Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Богоев како менторот Заев – Барал мито и местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра

    05.06.2026 во 09:15

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ има само една реформа – Распродавање на државните интереси

    05.06.2026 во 09:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.