Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Утрински температури низ земјава: Каде се спушти живата најниско?
    • Цената на нафтата во пад трет ден по ред – Што се случува на пазарите?
    • Некои хороскопски знаци ги очекуваат пресврти: Проверете што ви носи хороскопот денеска
    • По предавањето на Бајрами – Продолжува судењето за „Државна лотарија“
    • Храна, музика и забава за целото семејство: Street Food Picnic во Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љутков: Новата конструкција на Универзална сала е 10 пати побезбедна и постабилна

    Љутков: Новата конструкција на Универзална сала е 10 пати побезбедна и постабилна

    04.06.2026 во 21:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градежните активности за обнова на Универзалната сала во Скопје се во тек, се работи на челичната конструкција и на санирање на минималните штети од пожарот, по што ќе следува поставувањето на инсталациите и на фасадата. Ова го потврди министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во гостувањето на 4ТВ, уверувајќи ја јавноста дека објектот ќе биде максимално стабилен.

    „Новата челична конструкција е апсолутно безбедна, објави 4news.mk Таа е за 10 пати постабилна и побезбедна од претходната која Универзална сала ја имаше со децении. Проектирана е наменски, за да може без проблем да ја издржи тежината на новата фасада, но и на комплетно новата сценска технолошка опрема која ќе биде инсталирана внатре“, потенцираше Љутков.

    Министерот се осврна и на хаосот со бирократските процедури и ингеренциите меѓу Град Скопје и Министерството за култура кои со години го кочеа проектот, откривајќи дека за минатите постапки веќе се покренати правни процеси.

    „Таму веќе имаме и кривична пријава за договор склучен во ‘четири очи’, за истечен договор кој се терал без јавна набавка и без соодветен тендер. Претходниот проект беше планиран во три фази, но во ниту една од нив воопшто не беше предвидено внатрешното (ентериерно) уредување, ниту пак партерното парковско уредување околу салата! Замислете до каде одеше тој апсурд“, изјави Љутков.

    Поради овие огромни пропусти, новото раководство на министерството се одлучило за потемелен, иако малку подолг процес, објави 4news.mk Проектот е целосно ревидиран по принципот „клуч на рака“. При ревизијата биле отстранети низа технички недостатоци, со што, според министерот, објектот сега ќе добие многу подобра звучна изолација и перформанси отколку што првично било замислено.

    Прочитај повеќе

    Храна, музика и забава за целото семејство: Street Food Picnic во Центар

    18.09.2026 во 08:04

    Ќе нема струја од 9 часот – Денеска најавено исклучување во дел од Скопје

    18.09.2026 во 07:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.