Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Размената на добрите практики може да придонесе за поуспешни регионални политики за Ромите

    Сиљановска-Давкова: Размената на добрите практики може да придонесе за поуспешни регионални политики за Ромите

    04.06.2026 во 19:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар.

    Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики.

    Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското општество и значаен фактор на неговиот културен и демократски развој.

    Соговорниците разговараа за предизвиците со коишто се соочуваат Ромите, особено во образованието, вработувањето и борбата против дискриминацијата. Претседателката укажа дека овие прашања бараат континуирана посветеност и заедничко дејствување на институциите, граѓанскиот сектор и претставниците на ромската заедница.

    Taa ја поздрави работата на Вељко Кајтази и „Кали Сара“ во афирмацијата на ромскиот јазик, културата и историјата, како и нивниот придонес во меѓународното признавање на 5-ти Ноември како Светски ден на ромскиот јазик.

    Според неа, ромскиот јазик е важен дел од културниот идентитет на ромскиот народ и од особено значење е неговото зачувување и пренесување на младите генерации.

    Гостите ги посочија исклучителните заслуги на Вељко Кајтази за заштита и унапредувањето на ромските права. Како еден од приоритетите го издвоија образованието на ромски јазик, како и потребата од поголема видливост на Ромите и нивен политички ангажман на сите нивоа.

    „Ако Ромите не се бават со политика, тогаш таа без нив и несоодветно ќе се бави со нив“, порача Сиљановска-Давкова, охрабрувајќи ги младите Роми да се вклучат во политиката.

    На крајот, претседателката истакна дека  размената на искуства и добри практики може да придонесе за поуспешни политики и подобри можности за Ромите во регионот.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.