Close Menu
Press24
    Најново

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Разобличена е секоја лага на Мицкоски, од ЕУ потврдија дека реформи нема

    Жерновски: Разобличена е секоја лага на Мицкоски, од ЕУ потврдија дека реформи нема

    04.06.2026 во 14:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ ја обвини власта за отсуство на реформи и водење антиевропска кампања со цел свесно одржување на државата во изолација.

    На денешната прес-конференција, секретарот за меѓународна соработка Андреј Жерновски истакна дека од највисоко европско ниво пристигнале три клучни потврди кои ги демантираат тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Прво, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија. Сакам ова да биде сосема јасно. Тука веќе треба да престане секоја дилема, дебата и манипулација околу ова прашање.“

    Според опозицијата, извештајот на Томас Вајц усвоен од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент директно нотира стагнација во клучните области.

    „За жал, повторно добивме потврда за она што го зборувавме со месеци наназад. Во извештајот се констатира, цитирам, дека нема напредок од последниот извештај. Тоа означава дека една година, односно 365 дена, се изгубени без да бидат спроведени суштински реформи во нашата држава. Се констатира недоволен напредок во реформите, особено во областа на владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата.“

    Жерновски обвини за политички прогон и директно мешање на премиерот во обвинителството, нотирајќи го и прашањето за странските влијанија во земјава.

    „Трето, Комитетот во извештајот ги посочува манипулациите и дезинформациите преку, цитирам, „странско непријателско мешање и кампањи за дезинформации“. Тоа е токму она што СДСМ го зборуваше со месеци наназад – дека постои поврзаност меѓу ВМРО и СНС на Вучиќ и нивните заеднички кампањи. Сега, она што го зборувавме како опозиција добива потврда од Брисел.“

    Секретарот на СДСМ упати остри критики за, како што рече, лажниот патриотизам на владините функционери и ги повика веднаш да се соочат со волјата на јавноста.

    „Затоа уште еднаш повикуваме: распишете референдум веднаш. Граѓаните нека одлучат дали сакаат изолација или сакаат да живеат во европска Македонија. Реформи сега. Европа сега.“

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.