Close Menu
Press24
    Најново

    Драма пред самитот во Тиват: БИА го советуваше Вучиќ да не патува во Црна Гора поради висок безбедносен ризик

    04.06.2026 во 09:06

    „Гугл“ планира да пушти 64 милиони лабораториски комарци во Калифорнија и Флорида

    04.06.2026 во 09:04

    ЗНАМ: ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на нови условувања

    04.06.2026 во 08:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма пред самитот во Тиват: БИА го советуваше Вучиќ да не патува во Црна Гора поради висок безбедносен ризик
    • „Гугл“ планира да пушти 64 милиони лабораториски комарци во Калифорнија и Флорида
    • ЗНАМ: ЕУ интеграцијата мора да се темели на реформи, а не на нови условувања
    • Дневен хороскоп: Плутон и Месечината носат пресврт за еден знак, проверете што ве чека денеска
    • Малолетник нападнал маж во Центар
    • Казни од 700 евра и забрана за возење до 3 години – Важни правила за сите кои ќе летуваат во Грција
    • Врне низ цела Македонија – Температурите утринава низ земјата
    • Бројот на работници во индустријата намален во речиси сите сектори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драма пред самитот во Тиват: БИА го советуваше Вучиќ да не патува во Црна Гора поради висок безбедносен ризик

    Драма пред самитот во Тиват: БИА го советуваше Вучиќ да не патува во Црна Гора поради висок безбедносен ризик

    04.06.2026 во 09:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Безбедносната и информативна агенција на Србија (БИА) доцна синоќа соопшти дека официјално го советувала претседателот на државата, Александар Вучиќ, да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврдено постоење висок безбедносен ризик“.

    Како што е наведено во официјалното соопштение на српската служба, ваквиот вонреден совет е даден „поради непријателско дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“.

    „Според нашите оперативни сознанија, водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора, и спротивно на сите правила на професијата и одговорниот однос, безбедносната проценка, која беше побарана неколкупати од службата домаќин на состанокот во Црна Гора, не ни беше доставена“, објави БИА.

    И покрај ваквите сериозни предупредувања, претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, потврди дека Вучиќ е дециден во намерата да учествува на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват.

    „Претседателот дури и не сака да чуе за откажување на патувањето во Црна Гора. Тоа е нешто што вети дека ќе го направи“, изјави Брнабиќ за ТВ Информер.

    Реакцијата на српската БИА следува откако на 87 мажи кои пристигнаа од Белград со чартер лет не им беше дозволен влез во Црна Гора со образложение дека претставуваат „безбедносен ризик“, додека таму медиумите ги опишаа како неформално обезбедување на српскиот претседател.

    Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Црна Гора уверува дека се преземени сите мерки за непречено одржување на овој важен меѓународен собир во Тиват.

    „Низ својата историја, Црна Гора е призната како гостопримлива земја, каде што искрено се радуваме на секој добронамерен гостин… Како одговорна и кредибилна членка на НАТО, Црна Гора гарантира безбеден, сигурен и пријатен престој на сите свои гости“, напиша црногорското министерство на социјалната мрежа X.

    Инаку, Радоје Звицер се смета за еден од лидерите на Кавачкиот клан и се наоѓа на листата на 50-те најбарани европски бегалци, а нему му се губи секоја трага уште од 2020 година по неговото ранување во Киев.

    Тензиите меѓу двете земји дополнително се заострија во мај по апсењето на белградскиот полициски началник, а регионалните медиуми веќе јавуваат и за километарски колони на граничните премини Гостун, Јабука и Граченовац поради наводна забрана за влез на црногорски државјани во Србија.

    Прочитај повеќе

    Казни од 700 евра и забрана за возење до 3 години – Важни правила за сите кои ќе летуваат во Грција

    04.06.2026 во 08:39

    Црна Гора забрани влез на 90 лица од Белград поради сомнеж за субверзија

    03.06.2026 во 15:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.