Close Menu
Press24
    Најново

    Шилегов за судењето за „Пулс“: Со ваква конструкција нема правда, постапката ја чини државата над 100.000 евра

    03.06.2026 во 15:15

    Судење за пожарот во „Пулс“: Презентирани инспекциски извештаи, одбраната реагира дека се губи во електронските докази

    03.06.2026 во 15:15

    Филипче: Кошта го потврди она што ние го зборуваме со години наназад

    03.06.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шилегов за судењето за „Пулс“: Со ваква конструкција нема правда, постапката ја чини државата над 100.000 евра
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Презентирани инспекциски извештаи, одбраната реагира дека се губи во електронските докази
    • Филипче: Кошта го потврди она што ние го зборуваме со години наназад
    • Филипче: Функционерите на ВМРО имаат европски пасоши во џеб, а на граѓаните им нудат изолација
    • Герасимовски на Светскиот ден на велосипедот: Центарци, аплицирајте за субвенции за нов велосипед
    • Потпишан Меморандум за соработка меѓу македонското и португалското јавно обвинителство
    • Кривична пријава за фирма и менаџер од Охрид: Чувале сув цвет од канабис во несоодветни простории во Дебрца
    • ОЈО ГОКК отвори истрага за наместен тендер од 18,4 милиони денари во Царинската управа – предложен притвор за четири лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шилегов за судењето за „Пулс“: Со ваква конструкција нема правда, постапката ја чини државата над 100.000 евра

    Шилегов за судењето за „Пулс“: Со ваква конструкција нема правда, постапката ја чини државата над 100.000 евра

    03.06.2026 во 15:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обемната документација и начинот на кој се презентираат доказите во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја става одбраната во неповолна положба и го завлекува процесот, тврдат адвокатите по денешното рочиште.

    Обвинителството денеска приложи низа извештаи, овластувања и решенија за вработување на општински и градежни инспектори од Кочани, со цел да ги лоцира одговорностите во периодот пред несреќата.

    Адвокатот Димитар Дангов реагираше во судницата дека е тешко да се следат стотиците докази снимени на електронски медиуми.

    „…не е фер и ја става одбраната во неповолна положба“, нагласи Дангов, додавајќи дека само за ДЗС има 216 докази и дека „не знае каде да ги пронајде“ во електронската структура на материјалите.

    Тензиите се зголемија кога обвинителот Дарко Јакимовски посочи дека од записниците се гледа оти сопствениците свесно ги игнорирале укажувањата на комуналните инспектори за урбаната опрема. Одбраната веднаш побара обвинителот да престане да му сугерира на судечкиот совет кои докази како да ги вреднува.

    Посебен акцент на паузата стави адвокатот Петре Шилегов, кој оцени дека со ваков широк опфат на обвинителниот акт не може да се стигне до правилен исход во разумен рок.

    „…со ваква конструкција не може да се дојде ниту до правда ниту до правична пресуда“, истакна Шилегов пред новинарите.

    Шилегов додаде дека судот во моментов анализира ирелевантни плаќања на такси за сосема други локации кои немаат допирна точка со трагедијата, потсетувајќи дека процесот ќе трае предолго и ќе ја чини државата над 100.000 евра.

    Судскиот процес се води за катастрофата од 16 март 2025 година, кога при пожар во кочанската дискотека загинаа 63 граѓани, а над 200 претрпеа тешки телесни повреди и изгореници.

    Прочитај повеќе

    Судење за пожарот во „Пулс“: Презентирани инспекциски извештаи, одбраната реагира дека се губи во електронските докази

    03.06.2026 во 15:15

    Филипче: Кошта го потврди она што ние го зборуваме со години наназад

    03.06.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.