Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Дебар поднесе кривична пријава против С.И. (36) од село Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Според информациите, на 17.05.2026 година во маркет во селото Долгаш, пријавената физички нападнала десетгодишно дете.
Исто така, на 01.06.2026 година во 16:00 часот во СВР Скопје, В.Е. (24) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба, во влез од зграда, била физички нападната од С.Б. (женско лице).
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

