Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младите ќе добиваат грантови до 615.000 денари, обезбедени над 40 милиони евра за вработување – Усвоен Оперативниот план за 2026 година

    Младите ќе добиваат грантови до 615.000 денари, обезбедени над 40 милиони евра за вработување – Усвоен Оперативниот план за 2026 година

    02.06.2026 во 16:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата денеска го усвои и го презентираше Оперативниот план за вработување за 2026 година, кој во својот фокус го има намалувањето на невработеноста и зајакнувањето на вкупната економска активност во земјава.

    Документот предвидува сет мерки насочени кон зголемување на вработеноста, подобрување на условите на пазарот на трудот и поттикнување на домашната економија преку нови инвестиции и активни политики за вработување.

    Новите економски мерки на прес-конференција ги образложија првите луѓе на ресорното министерство и на надлежната државна агенција.

    Планот беше претставен од министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Аднан Ејуп, кои истакнаа дека целта е создавање нови работни места и подигнување на животниот стандард.

    За реализација на предвидените активности на терен се обезбедени над 40 милиони евра, а се очекува директна поддршка да добијат повеќе од 10.000 лица низ државата. Посебен акцент, како што беше посочено, е ставен на младите, долгорочно невработените, лицата со попреченост, корисниците на социјална помош и жените.

    Министерот Дурмиши нагласи дека една од клучните цели на планот е создавање реални можности за вработување, при што значаен дел од мерките се насочени кон самовработување и започнување сопствен бизнис.

    Во рамки на планот, младите ќе можат да аплицираат за грантови до 615.000 денари за отворање сопствен бизнис. Дополнително е предвидена поддршка за повратници од странство кои сакаат да инвестираат во земјата, како и за компании што отвораат нови работни места.

    Дополнително, преку овој пакет мерки ќе се инвестира и во доквалификација на кадарот кој во моментов е на пазарот на труд.

    Оперативниот план вклучува и мерки за практикантства, обуки и дефицитарни занимања, со цел полесна интеграција на невработените на пазарот на труд и зголемување на нивните вештини.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.