Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
    • Син ми е нападнат од негов соученик – Загрижена мајка пријавила во полиција
    • Погледнете какви температури се измерени ширум Македонија вечерва во 20 часот
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски од Горно Оризари: Дадениот збор се оправдува со работа, завршена е реконструкцијата на улицата и новите терени за жителите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова од Словачка: Уморна сум од живеење во „егзотична“ држава

    Сиљановска-Давкова од Словачка: Уморна сум од живеење во „егзотична“ држава

    02.06.2026 во 14:203 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Суштината на процесот на интеграција во Европската Унија е исполнување на Копенхашките критериуми и европеизација во сите сфери на општеството, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Братислава, нагласувајќи дека Балканот историски и културно припаѓа во Европа.

    Македонската претседателка ги изнесе овие ставови на заедничката прес-конференција со нејзиниот словачки колега Петер Пелегрини.

    „Се согласувам дека таканаречениот Западен Балкан не смее да биде прескокнат, бидејќи суштината на Копенхашките критериуми е европеизацијата во сите области, почнувајќи од владеењето на правото, поделбата на власта, почитувањето на човековите права, либералната економија и способноста да се исполнуваат обврските кон Европската Унија. Не е доволно да бидете охрабрувани со децении“, изјави таа.

    Сиљановска-Давкова посочи дека со Планот за раст и акциските планови, ЕУ конечно почнала да чекори заедно со нас „преку Копенхаген до Брисел“.

    „Мислам дека тоа е вистинскиот пат. Без оглед дали се работи за мали или големи држави, Западниот Балкан, како и целиот Балкан, отсекогаш историски, културно и логично припаѓал на Европа и треба да го најде своето место внатре. Потенцирам дека целиот Западен Балкан заедно не претставува проблем за апсорпцискиот капацитет на Европската Унија. Второ, со интегрирањето во ЕУ, Унијата ќе биде поблиска до Европа. Трето, ќе се стави крај на феноменот на фрагментација, т.н. „балканизација“. Четврто, ќе се стави крај на вештачката поделба Исток–Запад“, рече Сиљановска-Давкова.

    Претседателката потенцираше дека земјата очекува вреднување исклучиво според постигнатите меритократски резултати, а не нови блокади.

    „Затоа, навистина очекуваме разбирање, а не поттикнување на употребата на ветото во врска со кластерите и поглавјата, како што рече и претседателот, меритократски, според заслугите – тоа е суштината на Европската Унија. Ќе влеземе тогаш кога ќе личиме на оние што веќе се членки на Европа. Мојата последна реченица: често велам дека сум уморна од тоа да живеам во „егзотична“ држава – сакам да живеам во досадна европска држава. Досадната европска држава е заснована на принципи и вредности. Тоа е она по што треба да бидеме оценувани“, подвлече претседателката.

    Официјалната посета на Словачка започна со пречек со највисоки државни и воени почести, по што следуваше тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите.

    Во фокусот на разговорите беа унапредувањето на билатералните односи, економската соработка, трговската размена и инвестициите, како и партнерството во енергетиката, инфраструктурата, туризмот и иновациите. Соговорниците разменија мислења и за актуелните безбедносни состојби во Европа и соработката во рамките на НАТО.

    Во рамките на агендата, предвидено е претседателката да оствари средби и со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на владата и министер за одбрана, Роберт Калињак.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.