Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Манасиевски: Спорот со Бугарија треба да биде на база на реципроцитет, а не на потчинување како што сака Филипче

    02.06.2026 во 14:12

    Претрес во Гостивар: Приведен 50-годишник, полицијата му пронашла канабис на балконот и облека од разбојништво

    02.06.2026 во 14:05

    Драма на небото: Авионот со македонската фудбалска репрезентација принудно се врати во Истанбул

    02.06.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Манасиевски: Спорот со Бугарија треба да биде на база на реципроцитет, а не на потчинување како што сака Филипче
    • Претрес во Гостивар: Приведен 50-годишник, полицијата му пронашла канабис на балконот и облека од разбојништво
    • Драма на небото: Авионот со македонската фудбалска репрезентација принудно се врати во Истанбул
    • Полицијата спречи тешка кражба во РЕК Битола, приведени две лица
    • Македонец пронајден починат во хотел во Скопје
    • УХМР со вонредно предупредување: Нестабилно со пороен дожд, грмежи и град во овие делови на Македонија
    • Хорор во Гази Баба: Полицајци го стопирале, а тој извадил пиштол и пукал кон нив, па избегал
    • Скопјанец измамен за речиси 310.000 денари, му дал пари на познаник за посредување при кредит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Манасиевски: Спорот со Бугарија треба да биде на база на реципроцитет, а не на потчинување како што сака Филипче

    (ВИДЕО) Манасиевски: Спорот со Бугарија треба да биде на база на реципроцитет, а не на потчинување како што сака Филипче

    02.06.2026 во 14:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Билатералниот спор со Република Бугарија мора да се решава врз принципите на реципроцитет, а не преку политики на отстапки, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упатувајќи критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Според владејачката партија, досегашниот начин на водење на надворешната политика на земјата е трајно променет.

    „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување како што сака Венко Филипче и СДС. Времето кога Македонија водеше потчинета и понижувачка политика предводена од Филипче, неговиот ментор Зоран Заев и СДС заврши“, истакна Манасиевски.

    Тој се повика на расположението на јавното мислење во државата по прашањето за натамошните компромиси во евроинтегративниот процес.

    Како што посочи портпаролот, „граѓаните во најголема мера даваат недвосмислена поддршка на Македонија кон европскиот пат, но исто така сличен процент на граѓани сметаат дека државата не треба да прави повеќе отстапки за да стане дел од ЕУ“.

    Манасиевски ја повтори официјалната позиција на извршната власт во однос на исполнувањето на меѓународните обврски од страна на официјална Софија.

    „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека европскиот пат на Македонија не треба да е еднонасочна улица, туку дека Бугарија треба да ги испорача нејзините обврски, како што се пресудите од Европскиот суд за човекови права“, појасни тој.

    Од партијата обвинија за усогласеност на ставовите меѓу бугарските политичари и македонската опозиција.

    „Секако, оваа државничка политика во која не прифаќаме уцени и диктати од официјална Софија, не им се допаѓа на Бугарија и на специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, кои имаат добро координирани ставови и тези кои ги пласираат во јавноста. Ваквата мекотелна политика на Филипче и СДС со потчинувачки изјави и отворени симпатии кон Бугарија нема да му донесе добро на него, но не и носи добро и на државата. Така беше и со Заев така беше и со Ковачевски, а сега истото и со Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи нови понижувања во евроинтегративниот процес на Македонија“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски за предлогот на СДСМ: Луѓето кои го сменија Кривичниот законик сега нудат борба против корупцијата

    02.06.2026 во 12:51

    Мицкоски за акцијата на АХВ: Нема ризик по здравјето, но се руши довербата на потрошувачите

    02.06.2026 во 12:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.