Делови од општините Бутел и Ѓорче Петров денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН.
Според најавата, од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Натанаил Кучевишки“, „Петар Манџуков“ и „Александар Урдаревски“ во Општина Бутел.
Во периодот од 10:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Петар Манџуков“ и „Благоја Вујов“ во Општина Ѓорче Петров.
Од 12:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Бутелска“ и „Софре Марковски“ во Општина Бутел.

