Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Само седнете и опуштете се“ – Трамп уверува дека Иран сака договор, па ги нападна критичарите

    „Само седнете и опуштете се“ – Трамп уверува дека Иран сака договор, па ги нападна критичарите

    01.06.2026 во 11:152 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа „Truth Social“ со став дека официјален Техеран покажува подготвеност за дипломатско решение на актуелните тензии. Според неговите зборови, „Иран всушност навистина сака да постигне договор“.

    Истовремено, шефот на Белата куќа упати жестоки критики кон претставниците на домашната политичка сцена кои постојано ја доведуваат во прашање неговата стратегија во преговорите со Иран.

    „Не разбираат ли овие „демократи“ и разни навидум непатриотски републиканци дека ми е МНОГУ потешко добро да си ја работам работата и да преговарам кога политичките платеници постојано и негативно „цивкаат“, на нивоа што не се видени досега, повторувајќи одново и одново дека треба да одам побрзо, или да одам побавно, или да одам во војна, или да не одам во војна, или што и да е? Само седнете и опуштете се, на крајот сè ќе испадне добро – секогаш е така!“, порача Трамп.

    Во својата последна јавна објава, американскиот претседател одлучи да не ги коментира последните воени инциденти на Блискиот Исток. Тој не го спомена иранскиот напад врз цели во Кувајт, како ни одговорот во форма на американски воздушни напади врз позиции во Иран кои беа извршени во текот на викендот.

    Од друга страна, воените структури веќе ја потврдија ескалацијата на терен. Централната команда на американската армија (CENTCOM) утрово излезе со официјална потврда дека се извршени нови воздушни напади врз цели на иранска територија.

    Ова официјално соопштение од страна на Пентагон беше објавено само неколку минути откако властите во Кувајт соопштија дека земјата се соочила со напад. Веднаш по пријавувањето на инцидентот, во Кувајт беа активирани сирените за предупредување од воздушна закана од ракети и беспилотни летала

    Прочитај повеќе

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52

    Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

    19.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.