Close Menu
Press24
    Најново

    Денеска е Свети Дух: Празник на животот, добродетелите и духовните плодови

    01.06.2026 во 09:15

    Нови правила за возење во центарот на Скопје – Дел од улиците стануваат еднонасочни

    01.06.2026 во 09:08

    Во среда е Свети Константин и Елена – еве што велат обичаите

    01.06.2026 во 09:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Денеска е Свети Дух: Празник на животот, добродетелите и духовните плодови
    • Нови правила за возење во центарот на Скопје – Дел од улиците стануваат еднонасочни
    • Во среда е Свети Константин и Елена – еве што велат обичаите
    • Грција воведува итни мерки на Евзони за да ги намали километарските колони и чекањето
    • Дневен хороскоп: Овенот под притисок, Ракот во офанзива, Вагата поставува граници
    • Инцидент во Центар: Газда го претепал вработениот поради дневница
    • Заталкан куршум заврши во двор во скопско
    • Сиљановска-Давкова: Толеранцијата не е пасивност, мирот не е молк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска е Свети Дух: Празник на животот, добродетелите и духовните плодови

    Денеска е Свети Дух: Празник на животот, добродетелите и духовните плодови

    01.06.2026 во 09:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во понеделникот по неделата на Педесетница, Светата православна црква го совршува празнувањето во чест на Светиот Дух. Овој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица.

    Воведувањето на овој ден во црковниот календар доаѓа како директно спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот.

    Според православното учење, Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи самовластен, сесилен и добар. Преку Него се подава секоја мудрост, живот, движење, и Он се смета за извор на секој живот.

    „Он има сè што имаат Отецот и Синот, освен нероденоста и роденоста, исходејќи од единиот Отец. Светиот Атанасиј говори: Духот Свети не е создаден од Отецот, не е створен, не е роден, туку исходи. Но, во што се состои исходењето на Светиот Дух од Отецот за нас е недостижно, исто како што е недостижно и раѓањето на Синот“, се наведува во црковните толкувања.

    Затоа Светата Православна Црква никогаш не се решила да ја подвргне таа тајна на Божеството на човечко расудување, туку секогаш ја исповедала, согласно со учењето на нашиот Спасител, Исус Христос. Господ му открива на човекот толку колку што му е неопходно за негово спасение, та многу тајни остануваат за нас зад непроѕирна завеса.

    Се верува дека обогатувајќи го човекот со духовни дарови, и растејќи во него духовни плодови, Светиот Дух го украсува човекот со многубројни добродетели, и го прави, согласно зборовите на Светото Писмо, добро дрво, кое дава добри плодови.

    Животот по Духот Свети јасно се забележува во плодовите на Духот, коишто се, според зборовите на Апостолот Павле: љубовта, радоста, мирот, долготрпението, добротата, милосрдието, верата, кротоста, воздржанието.

    Прочитај повеќе

    Во среда е Свети Константин и Елена – еве што велат обичаите

    01.06.2026 во 09:06

    Дневен хороскоп: Овенот под притисок, Ракот во офанзива, Вагата поставува граници

    01.06.2026 во 08:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.