Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите

    Филипче: Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите

    31.05.2026 во 14:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање за целите и активностите на Фронтот за слобода и правда. Филипче  порача дека крајната цел на Фронтот е заминување на Владата на ВМРО, враќање на државата на европскиот пат и одговорност за криминалното владеење на ВМРО.

    „Крајната цел ќе биде оваа криминална власт да замине, да ја ослободи државата, да се вратиме на европскиот пат, а бандата водена од Христијан Мицкоски да одговара и да враќа пари. Притоа, тоа значи дека во меѓувреме окрупнуваме“, рече Филипче.

    Во одговорот тој додаде дека власта има обврска да распише референдум, потсетувајќи дека ВМРО дојде на власт со лажни ветувања, а потоа го блокираше европскиот пат на државата.

    „Власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција и никогаш не кажаа дека ќе го блокираат европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе го вратат името, дека ќе го укинуваат Преспанскиот договор, договорот за добрососедство и ништо од тоа не направија. Дојдоа на власт со една голема лага, со една пропаганда која што е стимулирана, финансирана и поддржана од други земји и затоа што оваа власт одработува за други земји. Тие тоа право го немаат“, рече Филипче

    Притоа, Филипче порача дека Фронтот за слобода и правда ќе работи на обединување на општествените и политичките сили со цел власта повторно да биде во рацете на граѓаните.

    „Овој фронт има за цел да во очи следните избори, без разлика кога се, дали се предвремени, дали се редовни и да ја врати власта во рацете на граѓаните“, изјави Филипче.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.