Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја погоди Црна Гора
    • Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
    • Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
    • Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
    • Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата
    • Голем шверц на тутун на Миконос: Уапсени двајца патници со 6.000 кутии цигари
    • Нова ерупција на Етна: Вулканот исфрли пепел висока четири километри
    • Јаневска утре на Машинскиот факултет ќе присуствува на Европската ноќ на истражувачите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за предлозите на Мерц за „придружено членство“ во ЕУ: Љубопитни сме за овие концепти и идеи

    Мицкоски за предлозите на Мерц за „придружено членство“ во ЕУ: Љубопитни сме за овие концепти и идеи

    29.05.2026 во 13:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тие размислувања и тие идеи ние веќе ги слушаме подолго време, не би можел ништо да зборувам додека тоа не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на Берлинскиот процес, состанокот на Берлинскиот процес минатата година, есента, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање во однос на предлозите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за „придружено членство“ во ЕУ.

    -Јас го коментирав уште тогаш дека ќе се случуваат нови предлози, нови можности во регионот… така што она што можам да го кажам во овој момент е дека љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа претпоставувам ќе се случи на Самитот кој што ќе го имаме сега во Тиват, од 4-5 јуни. Јас ќе бидам таму и со нетрпение чекам да ги слушнам овие концепти и идеи. Отккао ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме во јавноста, појасни премиерот.

    Во однос на посетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, Мицкоски истакна де тој секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко барање од земја членка на ЕУ.

    -Што се однесува до посетата на претседателот на Европскиот совет г-динот Антонио Кошта, можам да кажам дека ние имаме досега исклучително пријателски разговори. Разменуваме мислења, идеи. Секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко барање, билатерално барање кое што го има една членка кон Македонија. Се надевам во таа насока ќе продолжиме и во иднина и сигурен сум, на неговото присуство тука и за време на нашата билатерална средба а потоа и на работната вечера ќе можеме да размениме повеќе идеи, да видиме дали може и како да се надмине прашањето, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина

    24.09.2026 во 18:45

    Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје

    24.09.2026 во 18:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.