Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина

    Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина

    24.09.2026 во 18:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, побара од министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, одговор како неговото министерство дало согласност за Нацрт-просторниот план во кој се предвидува отворање на уште пет рудници на метали.

    Тренчевска посочи дека во изминатиот период се сведоци на најавите на премиерот Христијан Мицкоски за изградба на рудници за метали и антимон како развојна шанса, но порача дека Македонија не е приватна фирма и дека природните богатства им припаѓаат на граѓаните.

    Нагласувајќи ги деталите од документот, таа истакна:

    „Еве да појаснам – на страница 187 од Нацрт-планот јасно е наведено дека треба да се отворат уште пет рудници на метали. И тоа не се некакви имагинарни локации. Во планот се веќе исцртани Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке.“

    Според неа, во истиот план се предвидува површините под експлоатација на критични минерални суровини да се зголемат од околу два на приближно десет квадратни километри, што претставува петкратно зголемување.

    Тренчевска побара транспарентност за тоа каде точно ќе бидат коповите, јаловиштата и постројките и колку ќе бидат оддалечени од домовите и изворите на вода.

    „Оттука моето прашање до вас министре е : Како е можно вашето министерство да даде согласност за ваква работа, кога ништо не се знае како овие рудници ќе влијаат врз животната средина и здравјето на граѓаните? Што водите Вие – бизнис или министерство кое треба да гарантира чиста животна средина?“, праша Тренчевска.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.