Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бојковска: ВМРО-ДПМНЕ спроведува суштински реформи во интерес на граѓаните

    Бојковска: ВМРО-ДПМНЕ спроведува суштински реформи во интерес на граѓаните

    29.05.2026 во 10:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „По однос на прашањето за референдум, односно прашањето коешто го наметна лидерот на опозицијата, Венко Филипче е прашањето: дали сте за ЕУ. Ќе се потсетиме дека ние имавме исто такво референдумско прашање со владата на Заев, и тука апсолутно можам да истакнам дека прашањето е апсолвирано, бидејќи оваа Влада недвосмислено одговара и кажува и докажува, со факти и со аргументи, не само декларативно дека е за влез во ЕУ.  Со конкретни чекори, еве веќе и од меѓународни институции, и од Европската комисија се истакнуваат чекорите кои не придвижуваат до европската интеграција“, истакна Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на ТВ24.

    Според Бојковска, европската интеграција пред се значи спроведување на суштински реформи во интерес на граѓаните и исполнување на реформската агенда.

    „За мене, интеграција во ЕУ пред се  означува носење на реформи дома, реформи за граѓаните, исполнување на реформската агенда. За мене е големо признание што нашата држава има одобрување од Европската комисија за 65,7 милиони евра во коишто сме повторно фронтранери по однос на исполнување на реформската агенда, го чекаме јунскиот извештај во којшто повторно очекуваме овој износ да се дуплира по однос на исполнување на реформите“, посочи пратеничката Бојковска.

    Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ презема вистински чекори за влез во ЕУ, преку носење на реформски закони и спроведување на конректни политики.

    „Ако некоја влада и ако некое парламентарно мнозинство прави вистински чекори за влез во ЕУ, тоа е оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и парламентарното мнозинство како значаен чинител со носење на реформските закони во Собранието и низа други активности коишто се признаени од страна на ЕУ. Можам да го потенцирам  тука и Договорот  за одбрана и безбедност со ЕУ којшто исто така за мене е приближување кон ЕУ“, децидна е Бојковска.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.