Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка 
    • Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC
    • ВМРО-ДПМНЕ: Поради Владата Македонија има најевтино гориво во регионот
    • Иран негира дека има каква било врска со инцидентот во воената база во Англија
    • Бен Афлек откри како реагираат неговите деца кога им дели љубовни совети
    • Данска предвидува долгорочно присуство на НАТО во Гренланд по договорот со САД
    • Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија 
    • Фемицидот може да се спречи: Во Собранието се бараат посилни институции и подобра превенција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод Светскиот ден без тутун, Министерството за здравство, во соработка со Институтот за јавно здравје и Светската здравствена организација, се приклучи на глобалната кампања под мотото „Разоткривање на привлечноста – спротивставување на зависноста од никотин и тутун“. На прес-конференција беа најавени конкретни чекори за помош на граѓаните на локално ниво.

    Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека веќе се спроведуваат координирани активности за зајакнување на услугите за откажување од пушење во здравствените домови и локалната самоуправа.

    Како клучна новина во здравствениот систем, министерот го посочи проширувањето на есенцијалната листа на лекови. За првпат на оваа листа се вклучени препарати кои помагаат при одвикнување од пушење, како што се трансдермалните фластери и никотинските гуми за џвакање, со цел тие да бидат полесно препишувани од матичните лекари.

    „Со ова сакаме да ја зголемиме нивната достапност, да бидат подобро препознаени и од јавноста и од фармацевтскиот сектор, како и да се поттикне нивната поширока употреба“, рече Алиу.

    Покрај достапноста на овие препарати, во подготовка е и нова законска регулатива која треба да воведе построги контроли и усогласување со европските правила за тутунските производи.

    Министерството работи на нов закон за заштита од употреба на тутун и сродни производи кој треба системски да ја зајакне заштитата на јавното здравје, со посебен акцент на младата популација преку зајакнување на советувалиштата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија 

    28.09.2026 во 22:13

    Фемицидот може да се спречи: Во Собранието се бараат посилни институции и подобра превенција

    28.09.2026 во 22:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.