Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството

    Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството

    28.05.2026 во 12:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска упати сериозни обвинувања до претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека неговите политички ставови се директно усогласени со бугарските официјални позиции. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека опозицијата е подготвена да направи отстапки кои директно ги загрозуваат националните интереси.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, чекорите кои ги предлага СДСМ во однос на евроинтеграциите одат на штета на македонскиот идентитет.

    „Прво спроведување на уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот. До таму е спремен да оди специјалниот бугарски пратеник на Румен Радев, Венко Филипче“, изјави Манасиевски.

    Портпаролот на партијата направи паралела меѓу изјавите на лидерот на опозицијата и претставници на одредени бугарски фондации и официјални лица во Софија, нагласувајќи дека тие имаат ист наратив кон македонската држава.

    „Филипче е на иста линија со Виктор Стојанов од фондацијата “Македонија”, која дејствува во Македонија ширејќи говор на омраза кон Македонците, негирање на македонскиот идентитет и претставување на македонската историја како бугарска. Филипче е на иста линија и со бугарската министерка на Радев, Петрова Чамова. Како што можеме да видиме на фотографиите зад мене и двајцата велат дека преговараме со ЕУ, а не со Бугарија. Но, проблемот е во тоа што само Бугарија поради свои интереси ја кочи и ветоизира Македонија на полето на евроинтегративниот процес“, подвлече Манасиевски.

    Манасиевски истакна дека бугарските власти наоѓаат соработници во македонската политика, и покрај тоа што граѓаните веќе јасно ја изразиле својата волја и незадоволство на изборите.

    „За таа цел, бугарските власти ги најдоа меките ткива во политиката во Македонија, како Зоран Заев, Димитар Ковачевски Ковачевски а сега и Венко Филипче, кои слугуваат на туѓи интереси на штета на сопствените – македонските. Иако граѓаните им одржаа лекција, ги казнија на 4 последователни избори, токму поради нивните антидржавни политики, на Филипче и на СДС не им доаѓа памет и продолжуваат со истата поданичка политика мислејќи дека така ќе дојдат на власт“, додаде тој.

    На крајот од своето обраќање, Манасиевски ја пренесе официјалната позиција на партијата на власт во однос на историските прашања и заштитата на државното достоинство.

    „ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи бугаризација на историските ликови кои твореле, кои го описмениле регионот и кои се бореле за да создадат македонска држава. Македонија има своја историја, свој идентитет и свој македонски јазик. Се додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, нема да дозволиме погазување на нашето достоинство“, заклучи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.