Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе се пуштаат снимки и слики – Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

    28.05.2026 во 09:22

    ВМРО-ДПМНЕ: За власт Филипче би ги прифатил бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет

    28.05.2026 во 09:21

    Цената на нафтата падна за 5 проценти

    28.05.2026 во 09:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе се пуштаат снимки и слики – Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
    • ВМРО-ДПМНЕ: За власт Филипче би ги прифатил бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет
    • Цената на нафтата падна за 5 проценти
    • Дневен хороскоп: На Лавот потребна му е пауза, Шкорпијата да не донесува важни одлуки
    • Високи температури од рано наутро, па потоа пресврт – УХМР најавува пороен дожд и силен ветер
    • Ветрот корнеше дрва, град со големина на орев – Големи штети по невремето во Словенија, УХМР најави невреме и во Македонија
    • ВИДЕО: Моторџии дивеат – Кај Охрид Мол се вози на едно тркало и со огромна брзина
    • Истражување за менструалната сиромаштија во Македонија – Со какви предизвици се соочуваат жените
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ќе се пуштаат снимки и слики – Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

    Ќе се пуштаат снимки и слики – Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

    28.05.2026 во 09:221 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    На претходното рочиште беа презентирани материјални докази на Обвинителството, меѓу кои видео-снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“, како од критичната вечер, така и од периодот додека објектот функционирал.

    Досега на судењето беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството, а беа изведени и обдукциски наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините за смртта на жртвите, како и медицинска документација за повредените. Претходно беше сослушан и директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: За власт Филипче би ги прифатил бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет

    28.05.2026 во 09:21

    Високи температури од рано наутро, па потоа пресврт – УХМР најавува пороен дожд и силен ветер

    28.05.2026 во 09:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.