Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Центар обезбеди ваучери за возачки испит за четирите матурантки од домот „11 Октомври“

    Општина Центар обезбеди ваучери за возачки испит за четирите матурантки од домот „11 Октомври“

    27.05.2026 во 15:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на свеченото одбележување на денот на полуматурата и матурата на децата од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, каде заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, беа дел од овој значаен ден за децата и младите од домот.

    На настанот присуствуваа и претседателот на Здружението на пензионери на Општина Центар, како и претставници од Активот на жени пензионерки на Општина Центар, кои со своето присуство дадоа дополнителна поддршка и внимание кон матурантите.

    По тој повод, Општина Центар обезбеди и додели ваучери за полагање возачки испит за четири матурантки од домот, како поддршка во нивниот понатамошен личен развој и осамостојување.

    „Овие млади луѓе заслужуваат поддршка, внимание и мотив плус на нивниот пат кон самостоен живот. Нашата обврска како локална самоуправа е да бидеме тука за нив, да им дадеме поттик и да покажеме дека не се сами. Верувам дека секоја подадена рака и секоја вложена поддршка значи многу во градењето сигурна и успешна иднина“, изјави Герасимовски.

    Од Општина Центар посочуваат дека продолжуваат со активни мерки и поддршка за децата и младите, особено за оние на кои им е потребна дополнителна грижа и помош во процесот на образование, интеграција и осамостојување.

    Свеченоста се одржа во ресторанот „Дион“ во Центар, во присуство на воспитувачи, вработени и гости, а беше исполнета со емоции, радост и желби за успешна иднина на матурантите.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.