Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички

    08.07.2026 во 16:47

    Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

    08.07.2026 во 16:30

    МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата

    08.07.2026 во 16:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Напад со нож во училиште во Баварија, тешко повредени две ученички
    • Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот
    • МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата
    • ДУИ: Во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор
    • Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци
    • Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ
    • Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја
    • Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија

    Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија

    27.05.2026 во 15:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за унапредување на соработката помеѓу министерството и Комората, со посебен акцент на тековните активности кои во моментот се спроведуваат во делот на локалниот економски развој и инфраструктурните инвестиции кои се можност за подобрувањето на условите за работа на компаниите на локално ниво.

    На средбата беше истакнато дека силните и функционални општини претставуваат еден од клучните предуслови за конкурентна економија, привлекување инвестиции и рамномерен регионален развој.

    Во фокусот на разговорите беа повеќе значајни теми поврзани со процесот на децентрализација, изнаоѓање на начини за заедничкото користење на фондови, како и можностите за продлабочување на соработката на Комората со општините и планските региони.

    „Локалната самоуправа претставува важен партнер во создавањето поволна и предвидлива средина за развој на приватниот сектор, особено преку ефикасно спроведување на надлежностите, поквалитетни услуги и создавање подобри услови за работа и развој“, изјави министерот Перински.

    Посебен акцент беше ставен на дигитализацијата на локалните услуги, при што беше оценето дека дигиталната трансформација на општините претставува директна поддршка за приватниот сектор. Во таа насока беше истакнато дека секој скратен рок, секоја поедноставена постапка и секоја електронска услуга значат поефикасни институции и подобра деловна клима за компаниите.

    На средбата се разговараше и за активностите поврзани со ажурирање на базите на даночни обврзници, при што беше потенцирана важноста од воспоставување фер и транспарентен систем, подобрување на наплатата на локалните приходи и нивно насочување кон услуги и инфраструктура што директно им се враќаат на граѓаните и компаниите.

    Во делот на рамномерниот регионален развој беше отворено и прашањето за учеството на бизнис заедницата во процесите на планирање и креирање политики на локално и  регионално ниво. Притоа беше истакнато дека бизнис заедницата е вклучена уште во фазата на подготовка на развојните политики преку свој претставник во Советите за развој на планските региони, со што се овозможува нејзино активно учество во креирањето на регионалните приоритети и развојни насоки.

    Министерот Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа останува да  поддржува иницијативи што ќе придонесат кон поефикасни општини и подобри услуги за граѓаните и компаниите.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска Давкова од Анкара: Се чудам како во НАТО има разбирање, а ЕУ 20 години нè држи во лавиринтот

    08.07.2026 во 16:30

    МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата

    08.07.2026 во 16:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.