Close Menu
Press24
    Најново

    Стапија во сила законските измени – Од денеска со „Б“ категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубика

    27.05.2026 во 14:54

    Јаневска: Учениците од прво, второ и трето одделение годинава ќе добијат електронски и печатени свидетелства

    27.05.2026 во 14:42

    Отворен огласот за идни офицери: Воената академија распиша конкурс за нови студенти и питомци

    27.05.2026 во 14:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стапија во сила законските измени – Од денеска со „Б“ категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубика
    • Јаневска: Учениците од прво, второ и трето одделение годинава ќе добијат електронски и печатени свидетелства
    • Отворен огласот за идни офицери: Воената академија распиша конкурс за нови студенти и питомци
    • Живата во термометарот се искачи до 32 степени – еве ги температурите измерени во 14 часот во Македонија
    • (ФОТО) Хорор во Скопје: Дете готвело и се запалил станот, со изгореници префрлено на Градска
    • Заталкан куршум проби покрив на „ауди“ во тетовско, полицијата врши истрага
    • УКИМ се поврзува со германски универзитети – Потпишан меморандум за циркуларна економија
    • УЈП со важно известување до граѓаните: Истекува рокот за даночните пријави, еве до кога мора да ги потврдите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стапија во сила законските измени – Од денеска со „Б“ категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубика

    Стапија во сила законските измени – Од денеска со „Б“ категорија ќе може да се вози мотор до 125 кубика

    27.05.2026 во 14:542 Mins Read
    ФОТО: Gemini_Generated_Image_sslve5sslve5sslv
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Возачите кои поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија од денеска имаат законско право да управуваат со мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ (до 125 кубика и сила на мотор до 11 KW). Ова следува откако во Службен весник беше објавен соодветниот Правилник од Министерството за внатрешни работи, со што и официјално стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Законското решение претходно беше подготвено и поднесено од пратеничката група на Движење ЗНАМ со поддршка на парламентарното мнозинство, а Собранието го изгласа со големо мнозинство уште на 8 април годинава.

    Покрај поседувањето на „Б“ категорија, возачите ќе мора да исполнат и три дополнителни критериуми за да седнат на ваков мотоцикл. Имено, потребно е да имаат наполнето 23 години, да поседуваат важечка возачка дозвола од „Б“ категорија минимум 5 години и да имаат потврда за завршена четиричасовна теоретска обука.

    Како што појасни пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсовски, целта на овие измени е да се растовари сообраќајот и да се понуди поекономичен транспорт во градовите.

    • Како законодавци имавме предвид дека ваквите решенија ќе го поттикнат користењето на помали и поекономични моторни возила, ќе го намалат сообраќајниот метеж во урбаните средини и во голема мера ќе ја подобрат мобилноста на граѓаните. Всушност, користењето на мотоцикли во сообраќајот, освен тоа што во голема мера ќе го олеснат протокот во сообраќајот, претставуваат една од поевтините варијанти за алтернативен градски превоз. Тоа значи дека овозможуваат поголема флексибилност и практичност, особено во урбаните средини каде што сообраќајнием метеж е изразен. Мотоциклите од категоријата „А1“ се практично и економично превозно средство кое зафаќа помал простор и на патиштата и при паркирање – рече Арсовски.

    Тој додаде дека мерката ќе придонесе и за екологијата преку намалување на издувните гасови, додека дополнителната обука и временскиот услов гарантираат дека безбедноста во сообраќајот нема да биде загрозена.

    Оваа практика не е нова и веќе долги години се применува во Европа. Слична европска директива е во сила уште од 2006 година, која им дозволува на земјите-членки да го воведат ова правило за мотоцикли до 125 кубика и 11 KW.

    Меѓу земјите каде што веќе е дозволено да се управува ваков мотоцикл со „Б“ категорија се Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксембург, Словенија и Полска.

    Прочитај повеќе

    Јаневска: Учениците од прво, второ и трето одделение годинава ќе добијат електронски и печатени свидетелства

    27.05.2026 во 14:42

    Отворен огласот за идни офицери: Воената академија распиша конкурс за нови студенти и питомци

    27.05.2026 во 14:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.