Close Menu
Press24
    Најново

    Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција

    30.10.2026 во 20:55

    Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба

    30.10.2026 во 20:40

    Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош

    30.10.2026 во 20:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
    • Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
    • Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
    • Русија повеќе нема да биде безбедна дури ни далеку од фронтот – Зеленски најави напади врз нови цели
    • Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси
    • Го избодел соседот во градниот кош, хорор го потресе регионот
    • Лав XIV стана првиот папа кој гласал на изборите во САД
    • Температурите драстично паѓаат – се очекува 20 цм снег цо соседтството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Научниците во шок од жештините: Невиден топлотен бран ја погоди Западна Европа, срушени рекорди стари со векови

    Научниците во шок од жештините: Невиден топлотен бран ја погоди Западна Европа, срушени рекорди стари со векови

    27.05.2026 во 09:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Речиси е невозможно да се најде место во Западна Европа кое во моментов не доживува незапаметен и екстремен топлотен бран. Температурите во Велика Британија достигнаа високи 35°C, што е за повеќе од 2°C над претходниот историски рекорд за месец мај.

    Британската метеоролошка служба алармира дека ваквата топлина би била исклучителна и невообичаена дури и за средината на летото, а камоли за овој период од годината.

    Слична е состојбата и во Франција, која е зафатена од невиден бран жештини, а метеоролошката служба „Метео-Франс“ веќе објави за стотици срушени температурни рекорди низ целата земја.

    Како што пренесува „Би-Би-Си“, Ирска исто така го сруши својот мајски рекорд за повеќе од еден степен, додека Германија, Италија, Шпанија и Швајцарија се соочуваат со тропски пролетни услови.

    Светските научници се во тотален шок од брзината со која се менува климата.

    „Едноставно е неверојатно. Апсолутно е лудо“, изјавија професорката Фридерике Ото од Империјал колеџ во Лондон и Питер Торн, директор на Центарот за климатски истражувања во Ирска.

    Непосредна причина за овој топлотен бран е таканаречената „топлотна купола“, феномен во кој област со висок атмосферски притисок се заробува над Европа, не дозволувајќи му на топлиот воздух да излезе. Научниците немаат сомнеж дека климатските промени предизвикани од човекот дополнително ја влошиле состојбата.

    Според климатската служба „Коперникус“, Европа се затоплува со стапка од 0,56°C по деценија во последните 30 години, што е повеќе од двојно од глобалниот просек. Екстремните жештини веќе не се ограничени само на нашиот континент, па така во Делхи, Индија, живата во термометарот деновиве се искачи до рекордни 45°C.

    Прочитај повеќе

    Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција

    30.10.2026 во 20:55

    Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба

    30.10.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.