Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Лукаревска: Фискалната стратегија се потпира на надеж, а не на структурни реформи

    (ВИДЕО) Лукаревска: Фискалната стратегија се потпира на надеж, а не на структурни реформи

    26.05.2026 во 13:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните ценовни шокови.

    Лукаревска потенцираше дека Владата повторно ги коригира економските проекции, при што растот на БДП се намалува од 3,8 на 3,5 проценти, а инфлацијата се зголемува од 2,5 на 4,5 проценти, што, не е техничка корекција, туку доказ за погрешни и преголемо оптимистички политики.

    „Намалувањето на долгот не се базира на реформи или на кратење на расходи, туку на претпоставка дека економијата ќе расте побрзо од задолжувањето. Ваквиот пристап создава опасен модел на развој. Се создава економија во која државата се задолжува за да ја одржува тековната потрошувачка, наместо да создава развој, рече Лукаревска. 

    Лукаревска предупреди дека економијата е со ниска продуктивност и слаб институционален капацитет: „Наместо системски реформи, гледаме ад хок мерки, краткорочни субвенции и политички популизам. Дефицитот на тековната сметка се проширува и достигнува 5 проценти од БДП, што е последица на зголемен трговски дефицит. Имаме повеќе одлив отколку прилив на девизни средства и недостиг од околу една милијарда“, рече Лукаревска.

    Осврнувајќи се на локалната самоуправа, Лукаревска рече дека општините се во сериозна финансиска состојба, со раст на долгот и слаб капацитет за стабилни приходи.

    Во однос на оценките на фискалниот совет и ММФ, Лукаревска посочи дека тие потврдуваат сериозни слабости.

    „Фискалниот совет укажува на висока зависност од индиректни даноци и неефикасна јавна потрошувачка“, додека „ММФ предупредува дека буџетските дефицити ги надминуваат таргетите и ја намалуваат фискалната дисциплина. Политиките мора да бидат претпазливи и реалистични, особено во однос на растот, инфлацијата и каматните стапки. Оваа стратегија не значи намалување на задолжувањето, туку само надеж дека растот ќе го прикрие долгот.

    Сите четири главни цели во оваа фискална стратегија се свртени со негативен предзнак. Далеку сме од одржливи и стабилни јавни финансии. Постепената и одговорна фискална консолидација е одамна претерана. Најавата за некаква социјална правичност е повеќе флоскула отколку реално остварување од вашата Влада, потенцираше пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.