Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Пола Влада на Мицкоски му е со бугарски пасоши

    СДСМ: Пола Влада на Мицкоски му е со бугарски пасоши

    26.05.2026 во 10:34Updated:26.05.2026 во 10:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните паметат како Христијан Мицкоски пред изборите клечеше и молеше за власт, ветувајќи враќање на името, укинување на Преспанскиот договор и промена на преговарачката рамка, стои во соопштението на СДСМ.

    Ги излажа граѓаните. Денес во ВМРО признаваат дека Преспанскиот договор го заштитил македонскиот идентитет, јазик и култура, дека членството во НАТО е одлична работа. Лажниот патриотизам на Мицкоски целосно пропадна.  Половина Влада му е со бугарски пасоши. ВМРО стана промакедонска партија затоа што не може да биде „македонска“.

    Но Мицкоски не ги излажа граѓаните само со лажниот патриотизм. Ги излажа и за економијата.Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“. Ветуваше „повисоки плати“. Ветуваше „подобар животен стандард„. Ветуваше „економија во фокусот“.И ништо од тоа не исполни.

    После две години власт на Мицкоски, граѓаните живеат полошо, едвај врзуваат крај со крај и секој ден водат борба за преживување од први до први со најниски плати во Европа.

    Празните паричници и празните фрижидери се најголемиот доказ за лагите на Мицкоски.Сиромаштијата достигна 21,9 проценти уште во првата година од неговото владеење.Наместо економијата во „фокусот“ му се само криминални тендери и сомнителни зделки.

    Ветуваше „нови странски инвестиции“ а странските инвестиции се намалени за 61 процент, односно за 729 милиони евра помалку во 2025 година.

    Ветуваше и „нови работни места„ а бројот на вработени во индустријата е намален за 2,8 проценти само за една година. Единственото нешто што Мицкоски не го вети а навистина го испорача е нов огромен долг на товар на народот.

    За само две години ја задолжи државата за нови 2,5 милијарди евра, а јавниот долг достигна историски рекордни 11 милијарди евра. Мицкоски ги излажа и ги изневери граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.